Home Технологија Самсунг може да ги прислушува своите корисници на паметни телевизори

Самсунг може да ги прислушува своите корисници на паметни телевизори

24
0
SHARE

Причината за избувнувањето на пожарот доцна во ноќта, сеуште непозната Компанијата Самсунг упати предупредување до корисниците на нивните смарт телевизори кои можеби несвесно дозволуваат нивните приватни разговори да ги прислушува трета страна, но и вработените во Самсунг.

Од Самсунг нагласуваат дека паметните телевизори постојано им ги пренесуваат разговорите на своите корисници кога опцијата за гласовни наредби е вклучена, при тоа барајќи реченици кои означуваат одредени задачи, како што се на пример менување на каналот или барање за пребарување на разни содржини на интернет, пренесува Independent.

Овој проблем го привлече вниманието на многу интернет корисници, а некои од нив го споредија со романот на Орвел „1984“.

Од Самсунг порачуваат дека е потребно да се исклучи опцијата на гласовни команди на телевизорот, таканаречената Voice recognition и дека многу лесно се забележува дали та е активирана.
Имено, иконата на микрофонот е видлива на телевизискиот екран кога опцијата е вклучена.
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here