Home Велес Свети Трифун – Свети Валентин

Свети Трифун – Свети Валентин

97
0
SHARE

Еден ден а два празника, 14 ти февруари. Свети Трифун и Свети Валентин. Првиот е наш, традиционален, вториот обнароден. Се обидовме да ја разрешиме дилемата кој празник се празнува повеќе. Според нашата анкета Свети Трифун заштитникот на лозарите е празникот кој доминира, но не е мал бројот на оние кои го празнуваат и празникот на љубовта, Свети Валентин.

„Ние сме лозари, се слави овој светец. Со чаша вино или ракија прославивме и денес“,
„Празниците се за празнување, убаво е кога се празнува, кој што сака нека празнува, луѓето нека се радуваат, тоа е убавината на животот“,
„Помладите ние некако правиме компромис ги славиме двата празника“, ова се дел од одговорите на дел од анкетираните велешани.

Кој празник да се празнува на почетокот задолжителна е здравица. Таа пак според нашата традиција нека биде со чаша црвено или бело македонско вино.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here