Home Регион СВР Велес, за злоупотреба на службена должност осомничи кавадаречки извршител

СВР Велес, за злоупотреба на службена должност осомничи кавадаречки извршител

18
0
SHARE

Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицето А.К (45) од Кавадарци, поради основи на сомнение дека во својство на службено лице- извршител, сторил кривично дело  „злоупотреба на службена положба и овластување“ со што нанел значителна имотна штета на имотот на „Керамика Нова“ Велес во износ од 1 577 039 денари.

При спроведување на извршување на предмет во вредност од 13 550 денари, каде доверител е „Велешко езеро“ , истиот спровел присилно извршување во обем несразмерен на побарувањето, односно спровел извршување во вредност од   4 344 950 денари.

Со цел да го оправда ваквото извршување, при пописот и пленидбата на подвижните предмети приклучил и други доверители. Истиот, по неуспешното јавно наддавање одржано на 14.12.2011година , без повторно поднесено барање од овластен доверител, самоиницијативно продолжил со извршување на попишаните предмети, со што постапил спротивно на чл.98 ст.4 од Законот за извршување, односно „предлог за второ наддавање или за продажба преку непосредна спогодба странката може да поднесе во рок од 15 дена од денот на првото наддавање…..“ и спротивно на чл.99 ст.1 „извршителот ќе го запре извршувањето спрема попишаните предмети ако ниту една од странките не ставила предлог за второ наддавање во пропишаниот рок…..“. Имено, иако истиот бил должен да запре со извршувањето, тој пристапил кон попис и пленидба на уште движни предмети, при што склучил и договор со непосредна спогодба без никаква законска постапка, без јавна објава, рок и начин на продажба со купувачот „Минас Комерц“ Кавадарци,  а на штета на должникот „Керамика Нова“ Велес.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here