Home Велес СДСМ и Општина Велес со спротивни изјави за училиштето во село...

СДСМ и Општина Велес со спротивни изјави за училиштето во село Клуковец

84
0
SHARE

Училиштето во село Клуковец е во лоша состојба, покривот прокиснува, зградата е руинирана а немало ниту дрва за греење, вака ја опишуваат состојбата од ОО на СДСМ Велес. Весна Стојанова Богоева од партиската говорница рече дека виновна за ваквата состојба е локалната власт.

„Наместо итно да ги решаваат проблемите, градоначалникот Славчо Чадиев и министерството за образование си ја префрлаат одговорноста. Додека трае префрлањето одговорност, поради несоодветните услови, учениците во Клуковец 20 дена не посетуваа настава и губеа од наставниот процес“, рече Весна Стојанова Богоевска, портпарол на ОО СДСМ Велес.

Ниту таванот прокиснува, ниту условите се такви какви што ги опишуваат од СДСМ, вели градоначалникот Славчо Чадиев. Тој ги демантира обвинувањата. Вели дека иако капиталните инвестиции се надлежност на централната власт во интерес на учениците општината инвестирала во подобрување на условите за настава.

„Децата во село Клуковец се веќе на настава, реновирана е една училница од страна на Општината иако тоа е надлежност на централната власт, училницата е комплетно средена со нови ПВЦ прозори, поставена е нова електрична инсталација, нов патос, нова врата. Кажуваат дека кровот прокиснува. Господа ќе отидиме таму во најголемиот дожд да видиме дали прокиснува кровот во тоа училиште. Јас би сакал да ги потсетам СДСМ дека во нивно време денар не се вложи во образованието , а сега имаме неколку нови училишта во Општина Велес“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here