Home Велес Советот на Општина Велес ги осуди нападите врз ликот и делото на...

Советот на Општина Велес ги осуди нападите врз ликот и делото на Коста Солев Рацин

361
0
SHARE

Советниците во Советот на Општина Велес на последната, 64 та седница расправаа по иницијативата од ЕД Вила Зора, за заштита на ликот и делото на Коста Солев Рацин. Со ставање на своерачен потпис советниците го осудија вербалниот напад кон ликот и делото на Коста Солев Рацин.

„Коста Солев Рацин е еден од најзнаменитите велешани. Неговата стихозбирка ,,Бели Мугри“ издадена во 1939 година во Самобор, е првата стихозбирка напишана на современ македонски јазик. Рациновото дело е долга историска кристализација на Македонија, на нејзината песна и нејзиниот јазик. Рацин е епоха за себе, обележана со името и со поезијата. Рациновиот стих ја поврзува македонската поезија со светските текови. Неговиот поглед на светот е вистински огномет. Во идеите и еманципацијата на македонскиот поетски збор. Тој го бранеше и го одбрани достоинството на животот и на уметноста. Благодарение на неговото дело тој стана поет, легенда за македонската литература и воопшто за македонската реалност“, стои во писмениот Став на Советот на Општина Велес, кој денеска беше доставен до медиумите.

Колку Опшштина Велс го почитува делото на Рцин доказ се 53-те организирани ,,Рацинови Средби“ каде се слави ликот и делото на нашиот великан, стои во писмениот став на велешките советници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here