Home Спорт Стеф Кари го собори сопствениот рекорд

Стеф Кари го собори сопствениот рекорд

18
0
SHARE

Кандидатот за МВП титулата во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, Стефон Кари, го подобри својот рекорд на постигнати тројки во лигата.

Кари во мечот на Голден Стејт со Портланд (116:105) постигна осум тројки и стигна до бројката од 276 постигнати тројки во сезоната, што е апсолутен рекорд во НБА лигата.

Кари натпреварот го заврши со 45 поени (8/13 за три) и 10 асистенции. За победничката екипа уште Клеј Томпсон постигна 26, а Дрејмон Грин имаше двоен ефект од 11 поени и 14 скокови.

Во вториот меч кој се одигра ноќта меѓу четвртокот и петокот, Чикаго со неверојатен пресврт славеше во Мајами со со 89:78. Мајами на полувремето имаше предност од 19 поени, но Чикаго третата четвртина ја доби со неверојатни 33:8.

Пау Гасол со 16 поени го предводеше Чикаго, додека кај Мајами се истакна Хасан Вајтсајд со 19 поени и 16 скокови.
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here