Home Спорт Суарез се извини: Сакав да кажам дека треба да судат арбитри од...

Суарез се извини: Сакав да кажам дека треба да судат арбитри од најсилните првенства

19
0
SHARE

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Марио Суарез, му се извини на српскиот судија Милорад Мажиќ, поради својата изјава дадена по завршувањето на мечот меѓу неговиот тим и Реал.

„Судијата беше многу лош. Со должна почит, но не можете да делегирате српски судија да суди ваков меч. Се надевам дека во реваншот ќе имаме подобар судија“, рече Суарез кој поради жолти картони нема да игра во реваншот на 22-ри април на „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак, подоцна Суарез преку својот профил на Twitter упати извинување.

„Сакам да им се извинам на сите оние кои се почувствуваа навредени од мои зборови по натпреварот. Немав намера никого да навредам, само сакав да истакнам дека вакви нанатпревари мора да судат арбитри од најсилните првенства. Само тоа сакав да го потенцирам. Секој може да згреши“, напиша Суарез.

Инаку шпанскиот репрезентативец смета дека Марио Манџукиќ не бил заштитен од судиите. Напаѓачот на Атлетико водеше голема борба со одбраната на Реал, а во финишот доби удар во главата од Серхио Рамос кој не беше санкциониран, исто како и ударот кој го доби од Дани Карвахал.
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here