Home Спорт ФОТО: Кој е вистинскиот Фелаини?

ФОТО: Кој е вистинскиот Фелаини?

88
0
SHARE

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо бил во шок кога слушнал дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед нема да настапи на мечот против неговиот тим кој се одигра во саботата, пренесува курир.мк

На Португалецот тоа му го соопштил рецепционерот на хотелот во кој бил сместен лондонскиот тим пред мечот со „Црвените ѓаволи“.

Тој рекол дека го видел Фелаини во хотелот на денот на мечот, што би требало да значи дека нема да настапи.

Рецепционерот мислел дека со оваа информација ќе му направи голема услуга на Мурињо и рекол дека Белгиецот дошол во хотелот за да земе влезници од Еден Азар за мечот на „Стемфорд Бриџ“.

-Се симнав и рецепционерот ми рече:  „Фелаини не игра“, раскажува Мурињо.

-Го прашав што бара тука, тој рече: Јас сум Фелаини и дојдов да земам влезници од мојот пријател Еден Азар.

Мурињо не бил сигурен дали да верува на добрите намери на рецепционерот, решил самиот да се увери во информацијата, па дознал дека Маруан всушност имал брат близнак-Мансур.

-Сето тоа не ми звучеше баш најдобро. Го земав телефонот и на Гугл укуцав ’Фелаини брат’ . Момчето изгледа исто. Отидов до рецепционерот и му ја покажав фотографијата, а тој ми потврди дека неговиот брат бил тука, со зборовите ср*ње, тој има брат, вели Мурињо со насмевка на лицето.

Инаку, Челзи во саботата славеше со 1:0 во дербито против Манчестер Јунајтед, а Фелаини го одигра целиот меч.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here