Home Забава Францускиот Спајдермен на врвот од највисоката спирална кула на светот

Францускиот Спајдермен на врвот од највисоката спирална кула на светот

20
0
SHARE

Качувачот по облакодери Ален Робер, попознат како францускиот Спајдермен поради смелите искачувања во урбаните средини, се искачи во неделата навечер без безбедносна опрема на „Cayan Tower“ во Дубаи, највисоката спирална кула на светот.

На голоракиот 52-годишен Робер, му беа потребни 5 часа и 15 минути да се искачи на 306 метри високата кула Кајан во станбениот кварт Марина во Дубаи.

Спиралниот облакодер од 73 ката беше осветлен со силни рефлектори, додека потфатот со неверица го следеа гледачи од земјата, а меѓу нив и многубројни туристи.

Робер пред качувањето изјави дека двата најголеми предизвика му се високата температура, околу 35 Целзиусови степени и металната, потенцијално мазна и лизгава конструкција на објектот.

Кулата Кајн, резиденцијален облакодер отворен во јуни 2013 година, има вретенест облик кој меѓу почетокот и врвот ротира за 90 степени во насока на движењето на стрелките на часовникот, имитирајќи ја така формата на човечката ДНК. Облакодерот го проектираше архитектонското биро „Sikdmore, Owings and Merrill“.

Ален Робер досега „освои“ многу високи градби низ светот, а своите потфати најчесто ги изведува без заштитна опрема или алпинистички јажиња.
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here