Home Велес Чадиев: За Советот на ВПР, 2016 година е успешна

Чадиев: За Советот на ВПР, 2016 година е успешна

172
0
SHARE

Советот на Вардарскиот плански регион, 2016 година ја оценува како успешна. Со реализирани 16 проекти во висина од 42 милиони денари, ВПР е меѓу најдобрите во државата. Претседателот на Советот, Славчо Чадиев вели дека во фаза на имплементација се уште седум проети чија финансиска конструкција се заокружува на 14 милиони денари.

Општина Росоман беше домаќин на градоначалниците од ВПР. Тие денеска на седницата посветена на усвојување на годишната сметка на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со заклучок и дека изминатите четири години постигнати се исклучителни резултати во процесот на рамномерниот развој.

Чадиев најави дека наскоро ќе испаднат со информација за сите реализирани проекти во изминатите четири години, како и за тоа што ќе се работи годинава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here