Home Регион Четириесетина планинари дел од годинешниот „Февруарски поход „

Четириесетина планинари дел од годинешниот „Февруарски поход „

57
0
SHARE

За три  дена( од 27.02 до 1.03.2015г) околу четириесетина планинари препешачија патека  долга 20 км. Од с.Богомила до планинарскиот дом „Браќа Јаневи „ во с.Ораов дол. Овој марш е дел од манифестацијата „Февруарски поход 2015“.

Покрај планинари од целата држава, годинава  учествуваа и средношколци сместени во средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“.

„Сплотеноста, храброста и издржливоста на учесниците придонесоа и оваа година овој марш да биде едно прекрасно дружење.  За учесниците беше организиран ручек-традиционално планинарско гравче, а за секој од нив беа обезбедени и пригодни поклони и пофалници“, рече Зоран Игновски, претседател на СПД „Зелен Рај“.

Манифестацијата и годинава се реализира во соработка со општина Чашка. Февруарскиот марш е традиционална манифестација која покрај негување на историските настани има за цел  и промоција на Азор, регион кој изобилива со прекрасни природни убавини кои се предуслов за развој на планинскиот туризам

„Се надеваме дека и наредните години ќе имаме што подобри и поуспешни манифестации кои придонесуваат за подобро претставување на руралните средини во нашата држава, нашите општини, нашиот менталитет и планинарењето како спорт“, вели  Игновски.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here