Home Главни Вести Шестиот модерен воз пристигна во Македонија.Заокружена е инвестицијата вредна 25 милиони...

Шестиот модерен воз пристигна во Македонија.Заокружена е инвестицијата вредна 25 милиони евра во Македонски Железници – Транспорт

105
0
SHARE

Македонскиот железнички возен парк го доби и шестиот модерен патнички воз. Со неговото пристигнување од Македонски железници – Транспорт велат дека се заокружува инвестицијата вредна 25 милиони евра. По завршување на техничките работи истиот ќе биде пуштен во употреба. Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски вели дека започната е постапката за обновување на целиот возен парк на Македонски железници. Со кинеската фирма „ЦСР“ потпишан е договор во вредност од 8,7 милиони евра за набавка на нови локомотиви.

„ Ќе продолжиме максимално со зголемување на инвестициите во железницата. Во Министерството за транспорт и врски оставени се и дополнителни 360 милиони денари директно за помагање на железницата во однос на платите и сите трошоци коишто ќе ги имаат“, рече Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски.

Досегашните инвестиции овозможија обновување на возниот парк за околу 60 проценти. Според пресметките на МЖ Транспорт со планираните нови инвестиции ќе се заокружи обновата на целокупниот возен парк.

„ Со поддршката на Владата во текот на оваа година очекуваме обновување за уште 40 проценти така што после 40 години ќе го обновивме возниот парк за 100 проценти. Со поддршка на Владата го обновуваме и товарниот сообраќај така што со новите локомотиви коишто ќе стигнат кон крајот на оваа или почетокот на следната година, мислам дека Македонски железници ќе добие еден модерен лик“, рече Никола Костов, директор на МЖ Транспорт.

Покрај обновата на возниот парк привршува и проектот за реконструкција на железничките станици долж Коридорот 10.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here