Home Македонија Што запленија цариниците минатата недела?

Што запленија цариниците минатата недела?

91
0
SHARE

Минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење на стока, при што привремено се задржани златен накит, монети, медали, девизи, лекови, техничка стока, цигари, пестициди и фалсификати, пренесува курир.мк

Златен накит и девизи, монети и медали

– 385 грама златен накит и предмети од злато се откриени од страна на мобилните царински тимови при личен претрес на македонски државјанин, патник во турски автобус, пријавен за излез од државата на граничниот премин Богородица. Во надворешните џебови на јакната на патникот, пронајдени се 128 парчиња златен накит и златни предмети (синџирчиња, ѓердани, обетки, нараквици,  прстени, приврзоци, монети, навлаки за заби  и делови од накит).

– 218 парчиња монети (сребрени, метални и златни), 1 позлатен крст со синџир, 1 џебен часовник, 5 медали, 13 уметнички слики и 2 стари книги, откриени при контрола на  грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин  Богородица.  Непријавената стока е пронајдена во патна торба сместена на задното седиште и зад совозачкото седиште на возилото.

 

Девизи

-7.000 евра се откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.  Во џебот од панталоните на патникот се пронајдени 9.000 евра за кои не поседувал доказ за потекло. Согласно законските прописи на патникот му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата.

– 4.950 канадски долари, откриени при личен претрес на македонски државјанин, патник во македонски автомобил, пријавен за излез од државата на граничниот премин Меџитлија. Во џебот од панталоните на патникот и во неговиот ранец се пронајдени 7.600 канадски долари за кои не поседувал документ за потекло. Согласно  законските прописи на патникот му  биле вратени 2.650 канадски долари, противвредност на 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата.

 Лекови

– 5.740 разни лекови (таблети Claradol, Paracetamol, Ixprim, Ibuprofemи други, ампули Actisoufre, Cemaflavone, Acupan и други и сирупи Doliprane, Amoxicillin и други) и медицински производи (завои и гази), откриени при контрола на француски автомобил, управуван од француски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.Непријавените производи, за чиј увоз е потребна дозвола од издадена од Биро за лекови се пронајдени во 6 кутии сместени во багажниот простор на возилото, сокриени со патни торби.

 

Мотор, пила и регистарски таблички

– 1 употребуван мотор од крос мотоцикл Bеtaracingи 1 моторна пила Husqvarna 353, откриени од мобилните царински тимови, при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот мотор бил сокриен помеѓу личните работи на возачот во багажниот простор на возилото, додека моторната пила е пронајдена зад возачкото седиште.

– 1 комплет бугарски регистарски таблички, откриени на граничниот премин Делчево, при контрола на бугарски автомобил, со кој за излез од државата се пријавиле двајца македонски државјани. Табличките, сопственост на сопатникот во возилото, се пронајдени во најлонска кеса, сместена меѓу предните седишта на возилото. Сопственикот изјавил дека табличките ги носи во Бугарија за да ги одјави, а возилото го продал во отпад заради неисправност. Со ваквата постапка сопственикот го пуштил возилото во слободен промет без претходно да бидат спроведени пропишаните царински формалности и без да бидат платени увозни давачки за истото.

 

Останато

– 16 литри пестициди од типот RUSSOR 200 EC и AGSURF и 480 грама пестициди од типот LONRICER60 DF, откриени на граничниот премин Делчево, при контрола на македонски автомобил, со кој за влез во државата се пријавиле четворица македонски државјани. Непријавените производи се пронајдени во личниот багаж на  патниците.

– 60 штеки цигари Marlboro и MarlboroGold без акцизни маркички, откриени од мобилните царински тимови, при контрола на турски автобус што сообраќал на релација Истанбул – Гостивар, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари биле сокриени во фабричка празнина под тоалетот на автобусот, затворена со лим и камуфлирана со теписон.

 

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 555 парчиња облека (детски тренерки и комплети) и паричници со лого на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Турција, пријавена за увозно царинење на царинската  испостава Скопје 1. Сомнителната стока била наменета за фирма увозник од Скопје.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here