Home Велес Ќе се гради мост на реката Бабуна во с.Богомила

Ќе се гради мост на реката Бабуна во с.Богомила

1108
0
SHARE

Ќе се гради мост на реката Бабуна кај село Богомила, Општина Чашка. Оваа информација ја соопшти директорот на ЈП за Државни патишта Александар Стојанов. Најавувајки ја програмата по која годинава ќе работи јавното претпријатие го потенцираше и проектот за изградба на нов мост.

Ова значи дека започнува да се реализира идејата сегашниот мост стар неколку векови да биде во вистинска смисла на зборот Споменик на културата, иако според законот тој тоа е уште од 1953 година.

Жителите од ова населено место, години наназад апелираат дека мостот кој според градбата спаѓа во категоријата рустични мостови е во лоша состојба.

Според најавите мостот кој ќе се гради ќе биде со должина од 30 метри и ширина од 8.5 метри. Проектираната вредност на овој проект е 293 илјади евра. Истиот треба да почне да се реализира наесен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here