Home Главни Вести Ќе се гради фабрика за пелети

Ќе се гради фабрика за пелети

258
0
SHARE

Фабрика за производство на дрвени пелети и бриќети ќе се гради во Македонија. Оваа инвестиција денеска ја објави Жарко Караџоски, првиот човек на Македонски шуми, откако претходоно во име на јавното претпријатие потпиша договор за соработка со словачката фирма Холд Консалтинг.
Според првичниот договор, вредноста на оваа инвестиција е проектирана на околу 10 милиони евра . Во првата фаза се очекува да бидат креира 500 работни места, а покрај производството на дрвени пелети и бриќети, ќе се произведуваат и печки и грејни тела на пелети. Како суровина ќе се користи и земјоделски отпад.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here