Home Интервјуа ,,Џез,, на Александар Сашко Кукулев награден во Босна и Херцеговина

,,Џез,, на Александар Сашко Кукулев награден во Босна и Херцеговина

53
0
SHARE

Поетското првенче на Александар Сашко Кукулев едноставно наречено ,,Џез,, неодамна се здоби со признание на литературниот натпревар ,,Силата на зборот,,, во организација на Друштвото на писателите од Приједор Босна и Херцеговина.

Од вкупно пристигнати 441трудови од речиси сите балкански земји, поемата“Џез”на Александар Сашко Кукулев беше рангирана како втора.Како никогаш досега, едно навидум скромно поетско издание, изврши толку силен напад врз застоената здодевност на македонската поезија денес.

Поетското првенче на Александар Сашко Кукулев,со својата интелектуално стимулирано и фасцинантно мисловно движење низ сопственото време,веќе по првото читање ве обзема и ве пресоздава во една од илјадниците форми на љубовта,која од секогаш сте сакале да ја доживеете.

Ова е само навидум поетско деби на авторот Александар Сашко Кукулев- новинар, кој веќе на јавноста и е познат по романот за атентатот во Марсеј “Патувањето на Петар Келемен” автор на последното интервју со Бојка Вапцарова, сценарист на култниот “Велес Капут”,автор на документарниот филм Пушкин од нашиот сокак – посветен на Рацин,автор на сценариото за филмот “Последниот Македонец од Македонија”чија реализација е во тек,  еден од тројцата која пред три години го пронајде гробот на Брашнаров, автор на неколку документарни филмови и радио драми, добитник на повеќе државни награди и признанија од областа на новинарството и публицистиката итн.Иако е ова негова прва книга поезија, за него не можеме да говориме како млад автор, напротив, единствено што можеме е  да се согласиме дека кога современата македонска поезија е во прашање – Ѕвездата е родена. 

Лисица.мк  Зошто Џез како лајт мотив за поезија? Случајност, тренд или едноставно инспирација?

Кукулев:Никако случајност бидејќи одбивам работите случајно да ми се случуваат , тренд не е сигурно бидејќи во Македонија џезот одамна не е тренд,  инспирацијата мора да се појави од таа перфектна и совршена несовршеност која само ритамот на Jazz-от ја носи со себе.

Лисица.мк  Прекрасна љубовна поезија која маѓепсува и трае..Ребека Хадсон уредничката на „Poetry Nation“ и една од најпознатите поетски имиња во САД, те нарече “007 во љубовната поезија.” Годи ли таквата споредба?

Кукулев:  Секако, иако не се сметам за фатален лиричар на сите заменски форми кои произлегуваат од глаголот  “сакам”. Искрено, се плашев како на мојата интерпретација на Џез во поезијата ќе реагираат американците . За среќа им се допадна.

Лисица.мк  Импресивни се високите квалификативи кои во својата рецензија на поемата Jazz  ги изнесува проф. д-р  Иво ШлаусПретседателот на Светската академија на науките и уметностите . За книгата говорат и авторитети од Турција, Индија, Русија, каде се македонските рецензенти, нивното мислење не ти е важно или не им веруваш?

Кукулев: Секако дека ги има, иако се согласувам, тие се во помал број. Одговорот е едноставен, ова е мое поетско првенче и едноставно ми беше потребна меѓународна верификација на она што го напишав. Како што велите, авторитети на кои не можеш да влијаеш, да ги платиш и кои нема да пишуваат за тебе по “службена должност.”

Лисица.мк   ,,Обземаш со црвено белите клавиши, уморни и испотени од музика,, ..

Кукулев: Верувајте дека е прекрасно кога можете да ги видите тие и таквите клавиши, уморни и испотени од прекрасна музика која трае…и трае…

Лисица.мк   Со книгата испечатено е и ЦД во кое ги лично ги интерпретираш своите стихови, сето тоа илустрирано со ненаметлив пијано Jazz. Зошто ЦД?

Кукулев: Затоа што поезијата се чита , се доживува и се слуша. Времињата се сменија, јас на читателот му подарив увид во моите чувства, низ интерпретацијата на сопствените стихови. Резултатите се прекрасни. Луѓето се задоволни.

Лисица.мк   Велат цд-то го слушаш еднаш , а веќе вториот пат ти станува опсесија. Не можеш без него каде и да одиш…

Кукулев: И јас  слушнав такви коментари. Среќен сум ако е навистина така. Иако мислам дека тоа е дејство само врз оние кои знаат вистински да љубат. До останатите не допираат ниедни стихови на светот.

Лисица.мк  Што е следно, што после поемата Jazz?

Кукулев: Тешко прашање, за некој што знае дека ..по Jazz-от…ништо не останува.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here