Home Спорт Нова катастрофа на Борец од прилепска Победа. Велешани загубија на домашен терен...

Нова катастрофа на Борец од прилепска Победа. Велешани загубија на домашен терен со 1:7

59
0
SHARE

Екипата на прилепска Победа уште еднаш покажа дека во моментов е за класа подобра од Борец.

Откако во есенскиот дел од шампионатот како домаќини го победија велешкиот тим со 9:2, истото го повторија и во вториот натпревар како гости. На градскиот стадион во Велес во рамките на 16-тото коло играчите на Борец уште еднаш се високо поразени со резултат 1:7.
Поразот сепак не влијаеше многу на пласманот на табелата. Борец „падна“ една позиција и сега е шестопласиран со 19 освоени бодови. Во наредното коло велешани гостуваат кај екипата на Млекар, која е претпоследна на табелата. Ако ги освојат бодовите практично го решаваат прашањето за опстанок во лигата,а со тоа и целта која му беше зацртана на клубот пред стартот на превенството.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here