Home Регион „Стоп за катастрофите“, мото на 14та акција Ден на дрвото-засадија својата иднина

„Стоп за катастрофите“, мото на 14та акција Ден на дрвото-засадија својата иднина

60
0
SHARE

Годинешната есенска акција „Ден на дрвото засади ја својата иднина“ започнува од Папрадиште. Во ова живописно место стотина садници засадија преставниците на военото аташе во Македонија, министерот Јолевски, пратеникот Димовски, градоначалникот Пановски, мештаните  и љубители на природата. Мотото на годинешната акција е „Стоп за катастрофите.

„Ова е една многу благородна акција каде ја засадуваме иднината и се грижиме нашата татковина да биде убава и да се заштитиме истот така од климата.Шумите се многу значајни за иднината на македонија“, рече Зоран Јолевски, министер за одбрана.

„Човек треба да инвестира во природата, време е да се свртиме кон неа. Кај нас стеблото е знак на мир и спокој  во нашите земји и семејства. Посакувам Македонија да го најде својот спокој“, рече Ивица Матешиќ, аташе од Хрватска.

Првата акција Ден на дрвото се одржа во 2008 година или само една по годината во која Македонија како резултата на огромен број нан пожари загуби значителен дел од шумскиот фонд.Седум години потоа  резултатите се видливи.

„Стоп за катастрофите“,  ќе значи дека сите подадении раце на граѓаните на Република Македонија ќе си ја засадат својата иднина но и досегасо засадените 50 милиони садници  ние всушност сме се заштитувале успешно од катастрофи“, рече Христина Николова, организатор.

Ерозијата, поплавите  и свлечиштата можат во многу да се намалат со зголемување на шумскиот фонд.

„ Ако денот се познава по утрото, тогаш се надевам дека  акцијата  оваа година ќе биде најуспешна, баш затоа што ние сме среќлии и почнува од кај нас“, рече Горанчо Пановски, градоначалник на општина Чашка.

Акцијата е граѓанска , но вработените во Македонски шуми и армијата се сепак носечкиот столб.

„Како планинар и како припадник на АРМ имам засадено повеќе од илјадо дрва“, рече Игор Марковски, АРМ.

Според организаторите , наредната недела ке биде објавено  кога  граѓаните  заеднички на површина од 1.107 хектари  ќе засадат 4,5 милиони садници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here