Home Спорт Кошаркарите на Борец Баскет се поблиску до врвот на табелата. Во 17-тото...

Кошаркарите на Борец Баскет се поблиску до врвот на табелата. Во 17-тото коло подобри од Бест со 100:75

18
0
SHARE

Добар расплет за кошаркарите на Борец Баскет во 17-тото коло од втората лига. Велешани на домашен терен беа убедливи против екипата на Бест со 100:75 и ја впишаа 10-тата победа во шампионатот. Исто толку важно е што екипата на Радовиш како домаќин загуби од Михајловски со 76:78.

По овие резултати изгледот на табелата покажува дека Борец и Радовиш се израмнети според бројот на бодови. И двете екипи имаат освоено по 26 со што се на делба на второто место. Само поради лошата кош разлика велешани се рангирани како трети. Кој ќе го освои второто место што нуди влез во првата кошаркарска лига?

Одговорот на тоа прашање може да се знае во наредните неколку кола. Во 18-тото Борец гостува кај Михајловски, а Радовиш е слободен ,за по една недела во Велес да се одигра можеби и најзначајниот натпревар сезонава кога Борец ја пречекува токму екипата од Радовиш.

Во првиот натпревар тие како домаќини го победија Борец со 75:67 ,па затоа триумф изразен со најмалку девет поени предност ќе им биде од големо значење на велешани. Како сериозен кандидат за второто место не треба да се отпише и екипата на Тетекс која има натпревар помалку ,но лесно може да се израмни според бројот на победи со Борец и Радовиш.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here