Home Регион Продадени 17 парцели во индустриската зона „Црвени брегови“ кај Неготино

Продадени 17 парцели во индустриската зона „Црвени брегови“ кај Неготино

58
0
SHARE

Продадени се сите 17 градежни парцели во индустриската зона Неготино кај неготинското село Црвени Брегови, информираат од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа.

На последното  јавно наддавање организирано од страна на стручните служби при локалната самоуправа Неготино,  по електронски пат се продадоа и преостанатите 7 градежни парцели на површина од 8 хектари, со што сите понудени парцели лоцирани во индустриската зона Неготино кај Црвени Брегови со намена за Г-2 лесна индустрија и Г-4 стоваришта, се продадени, соопштија од општината.

На предходно одржаните 2 јавни наддавања се продадоа вкупно 10 градежни парцели на површина од 16 хектари, што значи продадени се сите понудени 17 парцели на вкупна површина од околу 24 хектари.

Со оглед на одличната местоположба на индустриската зона, огромниот интерес за купување на градежните парцели беше очекуван, имајќи предвид дека зоната се наоѓа во централното подрачје на нашата држава, со автопат и регионален пат во непосредна близина, како и железничка пруга, посочуваат од локалната самоуправа.

Се очекува по добивањето на неопходните  градежни дозволи, инвестирањето да започне во текот на наредната година

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here