Home Спорт Нов државен рекорд на Михов. За 24 часа истрча скоро 226 километри....

Нов државен рекорд на Михов. За 24 часа истрча скоро 226 километри. На Светското првенство го освои 44-тото место во конкуренција на 180 натпреварувачи

16
0
SHARE

Атлетичарот и ултрамаратонец Трајче Михов уште еднаш ја покажа својата висока класа. На светското првенство во 24-часовно трчање кое се одржа во близина на Торино Италија го освои 44-тото место во конкуренција на 180 натпреваручари.

При тоа успеа да истрча неверојатни 225 километри и 980 метри со што постави нов државен рекорд подобрувајќи го стариот од 222 километри кој исто така беше во негова сопственост. Со овој резултат Михов ја реализираше целта, на светското првенство да истрча државен рекорд. Тоа што е пласиран во првите 50 е само показател повеќе за неговите квалитети. Треба да се одбележи дека светското првенство воедно беше и Европско. Па така во помала конкуренција од 127 учесници Михов го завзема 34-тото место. Инаку светски и европски првак стана Германецот Реус Флоријан кој за 24 часа претрча 264 км, втор беше полјакот Павел Шинал со три километри помалку, а трет заврши Роби Брајтон од Велика британија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here