Home Лисица информатор Приведени 25 судии и службеници од Основниот суд Скопје 1

Приведени 25 судии и службеници од Основниот суд Скопје 1

39
0
SHARE

Полицијата во среда изутрина приведе 25 судии и службеници вработени во одделот за прекршоци во Основниот суд Скопје 1, за несовесно работење со што го оштетиле Буџетот за околу 68 милиони денари, соопшти скопското јавно обвинителство.

Основното јавно обвинителство Скопје во среда донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 25 лица, од кои 13 се судии, а 12 судски службеници во Основниот Суд Скопје 1 Скопје – оддел за прекршоци, за основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата. 

„Сомнението е дека во текот на 2010 година до нив биле доставени предмети Барања за поведување на прекршочна постапка, кои биле земени во работа во текот на 2012 и 2013 година. По предметите биле донесени пресуди со определени праични казни, а не биле доставени на извршување. Основното јавно обвинителство Скопје основано се сомнева дека поради несовесното работење на осомничените е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија од околу 68.000.000 денари“, се наведува во соопштението на ОЈО Скопје.

Copyright 2014 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here