Home Македонија За земјите од Западен Балкан, обезбедени 50 милиони евра за енергетски...

За земјите од Западен Балкан, обезбедени 50 милиони евра за енергетски проекти

133
0
SHARE

За финансирање на енергетски проекти, државите од Западен Балкан од Европската унија ќе добијат 50 милиони евра. Овие средства се обезбедени преку Програмата за регионална енергетска ефикасност. Договорот за финасирање беше потпишан денеска во Скопје по сесиите на Министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан. Според еврокомесарот Јоханес Хан, предвидените средства се очекува да му помогнат на јавниот и приватниот енергетски сектор во шесте држави да придонесат за заштеда на енергија и намалување на емисиите на штетни гасови. Според Хан со овие средства се овозможува земјите да постигнат 1,6 тера-часови електрична енергија годишно.

„Тоа е еквивалентно на четиримесечната потрошувачка на енергија на Албанија. Значи со овие активности можеме да заштедиме една третина од потрошувачката на Албанија годишно, може да се намали емисијата на штетни гасови на годишно ниво во голема мерка што би значело на пример една година да не се возат автомобили во Црна Гора. Ова е извонреден ефект што може да се постигне доколку се сконцентрираме на прашањето за енергетска ефикасност која што влијае и врз финансиите, но има и политичка релевантност. Ако штедите енергија не мора да ја увезувате и вашата политичка позиција се зацврстува“, рече еврокомесарот Хан.

Вицепремиерот Владимир Пешевски, смета дека ова е добар начи за подобрување на функционирањето во делот на енергетиката.

„Државите што ќе аплицираат со проекти и ќе ги поминат критериумите за двата инструмента реално се квалификуваат и за многу поголемо финансирање од страна на мултилатералните финансиски институции,“ рече Пешевски.

Овие реформите, познавачите на енергетските состојби велат дека се во насока на хармонизирање на правната рамка и на нивото на проекти кои се спроведуваат со цел поврзување на балканските држави  пред зачленувањето во ЕУ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here