Home Македонија Хан: Политичарите треба да преговараат и да донесат одлука во интерес на...

Хан: Политичарите треба да преговараат и да донесат одлука во интерес на земјата

146
0
SHARE

Дводневната работна посета на Македонија, еврокомесарот Јоханес Хан ја заокружи со средба со претседателот на државата, Ѓореге Иванов. „Надминувањето на политичката криза е од клучно значење за Република Македонија да може целосно да се посвети на европските реформи и да продолжи во остварувањето на евроинтеграциските цели“, рекол шефот на државата. Иванов потенцирал дека е разочаран од отсуството на јавна осуда за мешањето во државните работи на некои наши соседи.

Еврокомесарот ја потенцирал решеноста на ЕУ да стори се за да и помогне на Македонија и на политичките лидери.

„Сѐ уште треба време, треба да преговараат и да донесат одлука во интерес на земјата, граѓаните, европската перспектива. И да бидат фокусирани на конкретни работи, на иднината на земјата, на натамошната европска интеграција. Европската унија ќе стори сѐ да ѝ помогне на земјата и на лидерите во земјата. Станува збор за квалитет, не за брзина и треба да се преговара, да демонстрираат демократска зрелост “, рече еврокомесарот Јоханес Хан.

Јоханес Хан вчеравечер имаше работни средби и со претседателите на парламентарните политички партии.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here