Home Свет Издржал 382 дена без храна и влегол во Гинис

Издржал 382 дена без храна и влегол во Гинис

51
0
SHARE

Овој човек влегол во Гинисовата книга на рекорди, поради тоа што издржал 382 дена без храна, пренесува курир.мк

Ангус Барбиери е името на човекот кој во далечната 1966 година издржал без храна цели 382 дена. Изгубил 125 килограми и за новинарите изјавил дека не чувствува последици, освен што се чувствува „малку слаб“. 

Барбиери бил под лекарска контрола на д-р Вилијам К. Стјуарт кој го советувал својот пациент да се обиде со гладување да се ослободи од вишокот килограми. Барбиери тогаш имал 26 години и 206 килограми – гладувањето го завршил со 81 килограм! 

Стјуарт објавил студија за Барбиери во 1973 година во која го опишува процесот на слабеење и улогата која во тоа го играле витаминските суплементи. 

– Денеска не би можеле да објавите таква студија – вели Криста Варади од Универзитетот во Илиноис, која во последните 10 години го проучува гладувањето.

Според неа, таква студија би ја прекршила Хелсиншката декларација која ги поставила насоките за експерименти со луѓето, ставајќи акцент на „доброто на субјектот“. 

Во студијата на Стјуарт, инаку, се опишува волјата на Барбиери да постигне нормална фигура, но има и пасос во кој лекарот зборува за „пет смртни случаи при лечење на дебелина со потполно гладување“. 

Барбиери речиси 50 години останува единствениот човек во Гинисовата книга на рекорди кој најдолго време гладувал под надзор.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here