Home Велес Пренџова и Крајчев наградени на 41те Караманови средби

Пренџова и Крајчев наградени на 41те Караманови средби

38
0
SHARE

Младите македонски поети Елена Пренџова и Игор Крајчев ги понесоа наградите на годинешниве 41-ви Караманови средби во Радовиш, за своите поетски збирки „Љубољубна“ и „Круг полу Круг“.

Стручното жири на Карамановите средби во состав: Борче Панов, Јовица Илиќ и Славчо Атaнасов, ги валоризираа овие два поетски дискурси со највисоки оценки од дваесетте кои пристигнале на конкурсот и затоа ја наградија книгата „Љубољубна“ на Елена Пренџова со наградата „Караманов 2014“, а книгата „Круг полу Круг“ на Игор Крајчев со специјална награда „Караманов 2014“.

Наградените автори добија признанија и плакети со ликот на Ацо Караманов, а нивните дела ќе бидат објавени во рамки на едицијата на Карамановите средби.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here