Home Свет Во Украина банкротирале 46 банки

Во Украина банкротирале 46 банки

17
0
SHARE

Украинската криза негативно се одрази врз банкарскиот систем во државата, па претходната година банкротираа 46 банки.

Директорот на украинскиот Фонд за обезбедување на депозитите Константин Ворушчилин рече дека главна причина за пропаста на десетина банки во таа држава е „неморалното однесување на менаџерите на банките“.

„Основна причина е што банкарските службеници буквално ги крадат парите и ги користат за свои потреби“, оцени Ворушчилин, пренесува Б92.

Други причини се големите проблеми во кои се наоѓа економијата по огромниот пад на извозот, смалување на потрошувачката и раст на цените на производството.

„Фондот прави сè на Украинците да им ги исплати нивните загуби, но нашите ресурси едноставно не се доволни. На почетокот на април тие изнесуваа 16,1 милијарди долари“, наведе Ворушчилин.

Како што пишуваат германските медиуми, Фондот ќе мора да се потпре на надворешно финансирање, а тоа значи дека и тој товар ќе падна на грбот на даночните обврзници на ЕУ.

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here