Home Велес 5.350 решенија за легализација на дивоградби во Општина Велес

5.350 решенија за легализација на дивоградби во Општина Велес

376
0
SHARE

Процесот на легализација во Општна Велес тече според предвидената динамика. Тоа е оценката на надлежните во локалната самоуправа. Денеска на прес конференција градоначалникот Славчо Чадиев посочи дека досега пристигнати се вкупно 9. 477 барања за легализација на бесправно изградени објекти. Од нив 57 проценти се завршени и граѓаните добиле решение.

„Надлежните служби во Општина Велес секојдневно работат на решавање на овие предмети. Заклучно со денешниот ден донесени се 5.350 решенија за легализација. Тоа практично значи дека во Велес имаме 5.350 објекти кои не се дивоградби и нивните сопственици сега имаат законско право на користење на личниот имот“, рече Славчо Чадиев градоначалник на Општина Велес.

Градоначалникот Чадиев, денеска апелираше до граѓаните да ги почитуваат рокот за поднесување на елаборати кој истекува на крајот на годинава. Доколку е комплетна документацијата, тогаш многу брзо ќе биде завршен и процесот на лагализирање.
Втора фаза од истиот ќе биде внесување на промените во Деталните урбанистички планови, во што ќе се направи реална слика за состојбата во градот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here