Home Регион Во сообраќајна несреќа загина 56 годишен штипјанец

Во сообраќајна несреќа загина 56 годишен штипјанец

139
0
SHARE

Утринава на автопатот Демир Капија- Неготино   се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот.

Од извршениот увид на полицијата констатирано е  дека  патнички автомобил марка „цитроен ксантија“ со штипски регистерски ознаки од засега неутврдени причини излетал на десната страна на коловозот. Од сообраќајната несреќа починато е лицето Илчо Д. (1959) од Штип.

Увид на лице место изврши  и Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на фамилијата. Која  е причината за несреќата ќе се знае по завршување на истрагата, велат од СВР Велес.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here