Home Забава На 65 години носи четворка

На 65 години носи четворка

61
0
SHARE

Шеесет ипет годишна Германка, мајка на веќе 13 деца и баба на седум внуци, Анегрет Рауниг, е бремена и носи четворка, пренесува интернет страницата на телевизијата RTL и забележува дека доколку бременоста мине како што треба, ова лето германската наставничка ќе стане најстарата мајка на четворка.

Необичната сторија за возрасната трудница го привлече вниманието на германските медиуми, во прв ред на оние кои трагаат по сензации, а дневниот весник Bild во неделата ја стави на насловната страница, додека телевизијата RTL во понеделник ќе емитува разговор со госпоѓата Рауниг.

Иако веќе има големо семејство, оваа жителка на Берлин воопшто не се двоумела последнава година и половина да патува во странство на многу вештачки оплодувања за да ја исполни желбата на својата најмлада ќерка, која е 9-годишната, која сакала братче или сестриче, се наведува во прилогот на RTL.

Последното оплодување ги надминало очекувањата со четири оплодени јајца, а Рауниг нема намера да задржи само едно од нив. „Тоа секако претставуваше шок. Разговарав со гинекологот, размислив и ја донесев одлуката“, изјави за Bild.

Оваа професорка по англиски и руски јазик во едно основно училиште годинава заминува во пензија, но не ја загрижуваат ниту годините, ниту коментарите на околината.

Нејзината четворка ќе тргне на училиште кога таа ќе има 71 година. Ова, инаку, не е првпат Анегрет Рауниг првпат да ја возбудува германската јавност со својата бременост во повозрасни години. Уште во 2005 година го привлече вниманието кога го роди своето 13-то дете во 55-та година.

Досега нејзината бременост се одвивала без проблеми, а најголема опасност за децата би претставувало предвременото породување, велат лекарите.
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here