Home Технологија Apple ќе го претстави новиот iPad на 21-ви октомври

Apple ќе го претстави новиот iPad на 21-ви октомври

21
0
SHARE

Американскиот технолошки гигант Apple, кој во петок ќе ги пушти во продажба во САД новите модели паметни телефони, поголемите и потенки Phone 6 и iPhone 6 Plus, својата нова генерација iPad уреди ќе ја претстави на 21-ви октомври, објави блогот Daily Dot повикувајќи се на свои извори.

Се очекува дека корпорацијата ќе ги претстави шестата генерација iPad и третата генерација на IPad mini, како и новиот десктоп оперативен систем OS X Yosemite, кој ќе биде целосно изменет. Уредот iPad треба да има екран во дијагонала од 22,86 сантиметри, додека iPad mini – 17,78 сантиметри

Компанијата Apple последната генерација iPad ја лансираше во октомври минатата година и веќе забележа пад на продажбата.

Претходно во септември Apple ги претстави двата нови модела на смартфони iPhone 6 и iPhone 6 Plus со дијагонала на екраните од 10,16 односно 12,7 сантиметри. Големината на екранот претходниот модел iPhone 5s изнесуваше 10 сантиметри. Претставувајќи ги новитетите, генералниот директор на корпорацијата Тим Кук на презентацијата во центарот „Flint Center for the Performing Arts“ во Купертино, рече дека новите смартфони имаат процесор А8 со гигабајт оперативна меморија и ќе имаат капацитет на флеш меморија од 16, 64 и 128 гигабајти. Цената на новите уреди изнесува од 199 долари за iPhone 6 со 16 гигабајти и 299 долари iPhone Plus со иста меморија.

Во Apple одамна не направија ексклузивна промоција, откако во 2007 година компанијата го претстави iPhone, a во 2010 година – iPad. Оттогаш конкурентските компании бележат зголемена активност, на пример, Google ги претстави очилата со функцијата Google Glass, социјалната мрежа Facebook инвестира 19 милијарди долари во разработување кацига за виртуелна реалност Oculus и онлајн месинџерот WhatsApp. Amazon ги лансираше сет-топ боксовите и смартфоните, а неодамна го купи сервисот а транслација на видеоигри Twitch.
Copyright 2014 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here