Home Свет Авион на Asiana Airlines имаше тешко слетување, повредени 27 патници

Авион на Asiana Airlines имаше тешко слетување, повредени 27 патници

44
0
SHARE

Авионот Airbus A320 на јужнокорејската компанија Asiana Airlines имаше проблематично слетување во вторник навечер на аеродромот Хирошима, на западот на Јапонија, при што се повредени 27 патници од вкупно 81 колку што се наоѓале во леталото, официјално е соопштено.

Според првичните информации, авионот при слетувањето удрил во комуникациска антена, а потоа се излизгал неколку стотици метри и се завртел за повеќе од 90 степени во лоши временски услови со дожд и магла.
По снимките емитувани во среда на јапонската телевизија, парчиња од шест метри високата антена се распрскале по тлото, а левото крило на авионот било оштетено.

Сите 73 патници и осум членови на екипажот биле евакуирани преку безбедносните тобогани. Никој не настрадал потешко, но 25 патници и двајца членови на екипажот заработиле повреди.

Asiana Airlines соопшти дека во инцидентот биле повредени 18 луѓе.

Според новинските извештаи леталото кое пристигало од аеродромот Инчеон близу Сеул летало прениско додека се доближувало до аеродромот, но Министерството за сообраќај во Токио не ја потврди оваа информација.

Аеродромот Хирошима е затворен за сообраќај и речиси сите летови се откажани. Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here