Home Локални Избори 2013 Чадиев: Ја очекуваме Вашата поддршка за решително и беспоштедно да ги реализираме...

Чадиев: Ја очекуваме Вашата поддршка за решително и беспоштедно да ги реализираме новите дела кои ќе овозможат просперитет за сите граѓани Општина Велес.

43
0
SHARE

 

Ми претставува чест но и одговорност да Ви се обратам на последниот ден од изборната кампања во пресрет на вториот круг од локалните избори кои ќе се оддржат во Недела на 07 Април.

Големиот христијански празник Благовец, почитувани сограѓани, нека биде предвесник на големата победа што ќе ја постигнеме. Предвесник на новата светла иднина што Велес ќе ја доживе во наредниот период.

Денес пред сите вас гордо стојам на ветувањето и на она што на почеттокот од кампањата го изјавив дека ке спроведуваме една коректна, достоинствена и цивлизирана кампања.

И сите вие имавте можност во моите досегашни јавни настапи да се уверите во позитивните вредности промовирани од мене како кандидат за градоначалник.

Наша заедничка цел беше и во овие две седмици до вториот изборен круг да ги презентираме новите дела во секој дом, секое маало и секоја населба. Да оствариме средба со секој човек.

Јас сум особено горд од сето она што ние го имавме како средба со граѓаните на Велес. Задоволен сум од она што ние го чувме од нив.

Ние зборувавме за иднината со економски развој, со нови индустриски зони, Велес со современи училишта и градинки. Зборувавме за Велес како најчист град, за Велес како културен и спортски бренд, за Велес како град на горди и задоволни граѓани, за поубав Велес.

Големата и искрена поддршка која ја добиваме е доказ граѓаните во нас препознаваат партнер за решавање на проблемите и градење на подобра иднина.

Изразуваме благодарност и до различните општествени структури со кои остваривме конструктивни средби изминатиов период. Нивните идеи, предлози и сугестии сигурно е дека ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живот.

Исто така сакам да ја истакнам и огромната благодарност за поддршката од Вас почитувани преставници на медиумите кои секогаш објективно професионално и навремено знаевте да ја проследите иформацијата од јавен интерес.

Почитувани сограѓани

Останува да ги довршиме изборите во демократска атмосфера, достоинствено, согласно високите цивилизациски вредности што ги негува Велес.

Ја очекуваме Вашата поддршка за решително и беспоштедно да ги реализираме новите дела кои ќе овозможат просперитет за сите граѓани Општина Велес.

Велес е е град кој што заслужува дела.

Затоа ја барам довербата од граѓаните.

Ја барам вашата доверба за искрена и плодна соработка со Советот на Општина Велес во кој мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ.

Заедничката соработка меѓу Градоначалникот, Советот на Општината и Владата на Република Македонија ќе донесе подобра иднина за сите!

На Велес му треба Локална самоуправа предводена од луѓе кои секојдневно ќе бидат во контакт со клучните фактори во државата кои се во можност да му помогнат на градот.

Тоа е еден од најбитните елементи за развој и напредок на Велес.

Затоа ве повикувам да ни се придружите!

Придружете ни се заедно да работиме за нашата и иднината на нашите поколенија!

Придружете ни се да создаваме развој на Велес!

Придружете ни се за создавање на нови дела, нови дела за нови победи!

Велешани го заслужуваат тоа!

Затоа на 7 Април упатувам апел до сите грагани на Велес масовно да излезат на гласање. Мирно достоинствено и гордо да го дадат гласот за ВМРО-ДПМНЕ и за мене како кандидат за градоначалник.

Почуствувајте се горди што сте ја дале довербата на тим што гради и создава, тим што ќе донесе подобра иднина за сите.

На крајот Ве поканувам и сите вас, на 07 април да прославиме уште една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Веб порталот Лисица интегрално го  пренесува текстот од прес конфернцијата на Славчо Чадиев,кандидат за градоначалник на Велес од   коалицијата   „За подобра Македонија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here