Home Локални Избори 2013 Чадиев: Ќе формираме специјален тим кој што ќе работи исклучиво на...

Чадиев: Ќе формираме специјален тим кој што ќе работи исклучиво на забрзување на постапката за легализација на дивоградбите

20
0
SHARE

 

За ВМРО-ДПМНЕ приоритет е подобрувањето на животот на граѓаните и решавање на нивните проблеми. Со решавањето на деценискиот проблем за легализација на дивоградбите ВМРО-ДПМНЕ реши едно историско прашање за кое што ниедна Влада досега не пројави интерес.

Во тој правец сакам да ја известам јавноста дека во наредниот период Општина Велес и јас како иден градоначалник ќе формирање за специјален тим кој што ќе работи исклучиво на забрзување на постапката за легализација на дивоградбите.

Овој тим кој ќе биде составен од експерти во областа на градежништвото ќе вложи максимални напори за кратко време да им се излезе  во пресрет на над 6000 семејства од Велес кои досега живееја во безправно изградени објекти.

Почнувајќи од Превалец , Керамидна, Тунел, Камено брдо, Болнички дол, Којник , Мегдан, Црна Џамија, Прцорек, Костурница, Речани и други, голем број на наши сограѓани ќе го решат деценискиот проблем, кој реално постои во последните 20, 30 и повеќе години.

Со оваа мерка на Владата на Република Македонија им се овозможува на сите граѓани кои се соочуваа со овој проблем да ги легализриаат своите објекти и земјиштето на кои се наоѓаат истите, за едно евро по еден  метар квадратен.

Почитувани

Ова е еден од многуте проекти кои Општина Велес заедно со Владата на Репулбика Македонија изминатиов период успешно ги спроведува во интерес на сите граѓани.

Идната локална самоуправа предовдена од ВМРО-ДПМНЕ во соработка со Владата и во иднина ќе продолжи да работи во овој правец на решавање на суштинските и значајни проблеми како и на подобрување на животот на граѓаните.

 

Веб порталот Лисица го објавува интегралниот текст од прес конференцијата на Славчо Чадиев, кандидат за градоначалник на Велес од коалицијата „За подобра Македонија“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here