Home Локални Избори 2013 Чадиев: Ќе ги замени старите и дотраени влезни врати од зградите со...

Чадиев: Ќе ги замени старите и дотраени влезни врати од зградите со нови модерни ПВЦ врати

39
0
SHARE

 

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија. За нас изборите се можност за понуда на идеи, и проекти за решавање на проблемите на граѓаните и развој на градот. Затоа работиме тимски и во служба на граѓаните.

Со отворен пристап и вклучување на граѓаните со свои предлози и идеи ќе воведеме нови содржини кои ќе го разубават нашето секојдневие, но пред се ќе оствариме квалитетни решенија за заедничките потреби.

Јас како градоначалник на општина Велес ќе ја интензивирам соработката со сите куќни совети во градот.

Затоа општина Велес во соработка со сите куќни совети на стамбените објекти во градот ќе ги замени старите и дотраени влезни врати од зградите со нови модерни ПВЦ врати.

На сите станбени објекти во градот ќе се постават енергетско ефикасни врати  со што ќе го подобриме квалитетот на животот на станарите и секој станбен објект во градот ќе добие поубав изглед.

Исто така во во наредниот период  општина Велес и јас како иден градоначалник во соработка со куќните совети и Јавното комунално претпријатие Дервен ќе пристапиме кон уредување на дворните места пред сите станбени објекти во градот.

Овој проект би опфаќал хортикултурно уредување на дворните места на зградите, поставување на клупи, осветлување и друга урбана опрема.

На овој начин просторот пред секоја станбена зграда би добил пристоен и поубав изглед

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и решавањето на нивните реални проблеми.

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија која што одговорно пристапува кон реалните потреби на граѓаните.

 

Веб порталот Лисица го објавува интегралниот текст од прес конференцијата на Славчо Чадиев, кандидат за градоначалник на Велес од коалицијата „За подобра Македонија“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here