Home Свет Пронајдено благо вредно 50 млн. долари на дно на океан

Пронајдено благо вредно 50 млн. долари на дно на океан

18
0
SHARE

Компанијата Deep Ocean Search извлече товар од британскиот брод City od Cairo од длабочина од 5.150 метри во средата  во висина на крајбрежјето на Намибија (2.000 метри подлабоко од местото на потонувањето на титаник), 

Бродот, кој бил потопен во Втората светска војна, пренесувал лиено железо, волна, но она што е најважно- и сандаци со сребрени пари во вкупна вредност од 50 милиони долари.

Станува збор за технички подвиг без преседан. Компанијата Deep Ocean Search, која собира француски и британски експерти за отворено море, даде се од себе да го пронајде потопеното благо. Дури изгради единствен сонар кој може да истражува океани на длабочина од 6.000 метри.

Според британскиот закон, „ловците на благо можат да ги задржат пронајдените драгоцености доколку се работи за брод на британската морнарица“.
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here