Home Колумни Европскиот титаник ТОНЕ !!!!

Европскиот титаник ТОНЕ !!!!

17
0
SHARE

 

Европската унија претставува единствена интеграција на суверени европски земји што цврсто решиле да делат заедничка иднина и да здружуваат дел од својот национален суверенитет.

Земјите-членки на ЕУ дел од своите овластувања за донесување одлуки им го делегираат на европските институции што ги имаат создадено за да можат одлуките за специфични работи од заеднички интерес да се донесуваат по демократски пат на ниво на Европа.

 

Пред не така далеку на 17 и 18 јануари последната анкета на сајтот YouGov  покажа дека 40 % од испитаниците се изјасниле “за“ останување на Велика Британија во Европската Унија, додека 34% се изјасниле “против“ што е за прв пат во последните две години да се изјансе толкав број за напуштање на ЕУ, што укажува на една работа дека некој веќе подолго време размислува за да го напушти бродот кој тоне веќе 3-4 години.

 

Британците кои се 6 економска сила во светот изјавија одлучно дека НЕ САКААТ да ги помагаат државите кои пропаѓаат економски поради незнаење да водат добра економска државна политика во сопоставените држави,па Британците им дадоа на знаење дека нема да им помогнат со што почнаа проблемите во Унијата.

 

Европската Унија сака да докаже дека за некои сè уште е атрактивна. Балканските држави, пак, гледајќи во еврочленките како на побогати и постабилни од себе, се надеваат дека ќе допрат нешто од тоа богатство и стабилност.Основниот проблем со Европската Унија е што Европејците не и веруваат и воопшто не се идентификуваат со неа.

 

Клучната политика на ЕУ, монетарната унија е катастрофа и тоа е една од причините што овој брод тоне. Едноставен е фактот дека не можете да имате успешна монетарна унија без политичка и фискална унија и со монетарни трансфери меѓу богатите и сиромашните делови легитимизирани преку демократските институции. Сепак, во Унијата не постои апетит за таква унија, особено не во Германија и Велика Британија.

 

Ангела Меркел веќе прифати да разговара со Дејвид Камерон околу реформирање на Европската Унија со што  некои од веќе дадените овластувања на Брисел, да се вратат во надлежност на земјите – членки, што би значело ревизија на некои од европските спогодби.

 

Британците исто така се противат на Унијата која сака да доминира и да им наметнува правила на државите кои се суверени и имаат свои валути а Британија е една од нив и затоа не се согласува со таа политика.

 

Да ја тргнеме на страна Британија, деновиве може да се прочита како некои други држави земји членки како Австрија исто така размислува за напуштање на овој брод. Лидерот на опозицијата изјави  дека  ако ЕУ се развива во централистичка супер држава, тогаш како последица Австрија ќе излезе од унијата. Тогаш повеќе би сакал сојуз со Швајцарија, која според истражувањето на јавното мислење е на второ место според популарноста кај луѓето.

 

Да одиме на заклучокот а тоа е дека не треба да се брзаме многу за влезот во Европската Унија бидејќи во следниве 10 години Унијата нема да биде тоа што е сега, ќе има многу измени како економски така и гео-политички.

 

Не можам да сфатам, како тоа кога бродот тоне, кога сите сакаат да излезат од него, ние со сите сили се обидуваме да влеземе во него иако знаеме дека ќе потоне???????

 

Македонија во овај момент е притисната за што побрзо решавање на проблемот со името кој е наметнат од страна на Грција и бидејќи е  декларирана како мултиетничка држава во која Албанците бараат влез по секоја цена во НАТО и ЕУ а Македонците не го даваат името за влез во ЕУ и НАТО со што настанува еден ГОЛЕМ проблем.

 

На Македонците им се чека уште некое време да се види како ќе се движи светот бидејќи сега се сменуваат лидерските места на табелата во светската лига на економската и политичката сцена, додека од друга страна Албанците по секоја цена сакаат што побрзо да одат кај своите ментори од САД И ЕУ, па оттука ја гледам логиката дека за ова ќе одлучи наредната Влада која на следните избори ќе добие поддршка од граѓаните дали ќе  чека уште или ќе се смени името кој е единствена пречка за влезот во ЕУ и ќе забрзаме со влезот во бродот кој тоне и никако да се спаси,барем до сега.

 

                                                                                                                                                           пишува Јане ЧЕНТО

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here