Home Технологија Facebook во глобалната економија придонесува со 227 милијарди долари

Facebook во глобалната економија придонесува со 227 милијарди долари

26
0
SHARE

Социјалната мрежа Facebook, со 1,35 милијарди корисници, како држава би била втората најбројна земја во светот, зад Кина, покажува извештајот што го изработи консултантската куќа Deloitte&Touche за оваа компанија.

Иако неговите корисници можат да ја населуваат само виртуелната земја, Facebook тврди дека генерира голем дел од реалната економска активност, и дека во 2014 година остварил економско влијание во вредност од 227 милијарди долари и креирал 4,5 милиони работни места, се наведува во извештајот нарачан од страна на Facebook.

Извештајот ги следи компаниите кои одржуваат страници на Facebook, како и мобилни апликации и игри кои корисниците ги играат на Facebook, па ги мери сите последични економски активности. Исто така, ја зема предвид побарувачката на гаџети и услуги на интернет поврзувањето генерирано од страна на Facebook.

Кога на пример, компанија се рекламира на купувачите на Facebook, дел од продажбата може директно да се припише на Facebook. Кога корисниците летоска во „ледениот предизвик“ донираа100 милиони американски долари за истражување на амиотрофичната латерална склероза, клучна улога одигра видео огласот на Facebook.

„Луѓето веруваат дека технологијата создава нови работни места во технолошкиот сектор и уништува работни места во секоја друга област“, рече во интервјуто за Reuters шерил Сандберг, оперативна директорка во Facebook.

Според неа, овој извештај покажува дека тоа не е вистина, бидејќи, како што вели, Facebook помага да се создаде нов бран мали компании во сите подрачја, од модата до фитнес. Како пример наведува група на млади жени во градот Бенгалур во Индија, која започна со прибор за уредување на косата користејќи го Facebook, како и мајка во Северна Каролина која покрена продажна линија на облеката Lolly Wolly Doodl преку оваа мрежа. 

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here