Home Забава Развод преку Facebook

Развод преку Facebook

45
0
SHARE

Судија на Врховниот суд на њујоршки Менхетен минатата седмица ѝ одобрил на Иленор Бајду поднесување барање за развод на бракот преку приватна порака на социјалната мрежа Facebook.

Дваесет ишестгодишната Бајду се омажила за Виктор Сена Блуд-Џраку во 2009 година на традиционална граѓанска церемонија, меѓутоа младоженецот потоа одбил да се појави на традиционалната венчавка во Гана, пишува New York Daily News.

По неколку месеци заеднички живот, Блуд-Џраку се отселил и оттогаш со својата сопруга комуницирал исклучиво преку Facebook и преку мобилен телефон, поради што на рочиштето во судот бил поканет токму преку социјалната мрежа.

Весникот пишува дека во ретките телефонски контакти Бајду дознала дека нејзиниот сопруг нема постојана адреса на живеење, ниту постојано вработување, и одбил да ѝ каже каде може да му бидат доставени документите за разводот. Имајќи го предвид ова, како и дека жената немала успех и со ангажирање на приватен детектив, судот одлучил да го одобри единствениот начин кој ќе овозможи завршување на овој брак.

Документите за развод на Блуд-Џрака ќе му бидат испраќани еднаш во неделата, три седмици по ред додека не потврди дека ги примил документите. Првиот повик преку Facebook му бил упатен минатата седмица, но на него сé уште не одговорил.
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here