Home Технологија IBM го претстави најмоќниот и најбезбеден компјутер на светот z13 mainframe

IBM го претстави најмоќниот и најбезбеден компјутер на светот z13 mainframe

29
0
SHARE

Американската компанија IBM во средата го претстави на глобални ниво својот најнов компјутер под називот „z13 mainframe“, за кој тврди дека е најмоќниот и најбезбеден сметачки систем на светот кој прв во светот може да обработи 2,5 милијарди трансакции дневно.

Станува збор за компјутер дизајниран за сите потреби на мобилната економија којшто овозможува моментално шифрирање на податоците во сите трансакции преку мобилен телефон, и воедно првиот мејнфрејм систем со вградени аналитички алатки кои нудат моментален увид во трансакциите и 17 пати побрзо од системите на конкуренцијата коишто се споредуваат.

Овој компјутер, освен со брзината, се одликува и со безбедносна заштита на трилиони и трансакции коишто секојдневно се извршуваат преку рани мобилни уреди, и се смета за кулминација на инвестицијата во износ од милијарда американски долари, пет години истражување и развој.

Меѓу досега, како што велат од IBM во „невидените функционалности“ на компјутерот z3mainframe освен можноста за обработка на 2,5 милијарди трансакции во еден ден, се издвојуваат и оние како што целоста на заштитените и проверливи трансакции, што посебно треба да охрабрува во периодот кога бројот на трансакциите преку мобилни уреди секојдневно се зголемува и коишто според процените на експертите до 2025 година би можеле да достигнат и до 40 милијарди трансакции дневно.

Оваа машина има и вградени аналитички функционалности кои овозможуваат увид во реално време за секоја трансакција којашто се обработува, што значи дека клиентот може да ја открие измамата во која и да е деловна трансакција во моментот кога таа се одвива. Овозможува и подобра заштита на трансакциите преку мобилните апарати, коишто според истражувањето на компанијата IBM меѓу директорите за информатика, се покажа како „слаба алка“ односно најголем проблем со кој се соочуваат при пораст на бројот на трансакциите преку мобилни телефони и други преносни уреди.

Системот z13 во себе го има и најбрз микропроцесор на светот, според соопштението, двапати побрз од кој и да е процесор за корисниците, има 300 отсто повеќе работна меморија, 100 проценти поголема пропустливост на податоците и векторска аналитика којашто значително го забрзува обработувањето на трансакциите кои се одвиваат преку преносни уреди, како и многу други функционалности.
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here