Home Локални Избори 2013 Иванов: Граѓаните се жалат на притисоци од власта

Иванов: Граѓаните се жалат на притисоци од власта

17
0
SHARE

На само два дена пред почетокот на изборниот молк, притисоците се огромни. Поплаки и жалби доаѓаат до нас буквално секоја секунда и од секаде.

Жители – земјоделци на Иванковци бараа од нас спас од уцените и заканите дека ќе им ја одземат земјата и механизацијата доколку не гласаат за Чадиев.

Директно се уценети од одговорно лице од државна институција, кое директно работи на терен со земјоделците.

Ова не е единствен случај. Истото се случува во ЈКП „Дервен“. Од вчера се пријавени нови случаи на притисоци и деградирање  на вработените. Повикувани  се човек по човек и сите претрпеле директни закани за работното место од нивните претпоставени.

Речиси и да нема училиште во градот во кое директорот не се заканува на вработените. Тие мораат да ги убедуваат дури и  родителите на своите деца.

Повеќе од половината приватни лекари во градот се казнети по разни основи.

Од терен до нас допираат информации дека наспроти бројот на гласови што директорите на јавните институции ги обезбедуваа во првиот круг, сега ќе мора да притиснат двојно поголем број луѓе и да покажат пред партиските шефови на ДПМНЕ дека и се верни на партијата.

Ако носеле по 10,15 сега ќе мора да најдат и до 50 гласови за да го оправдаат своето вработување и други лични и семејни интереси.

Да не ги споменуваме подмитувањата со брашно, шеќер, плаќање рабуши по продавници и кеш пари на рака.

Погазено е достоинството на најсиромашните, корисници на социјална помош кои за да го осигураат минималниот прилив на средства во домашниот буџет мора да гласаат по директива.

Почитувани сограѓани,

Ве молиме сериозно да размислите колку вреди вашиот глас, вашето достоинство.

Срамно е ова што ДПМНЕ им го прави на сопствените сограѓани и уште има образ да бара доверба од нив.

Па, ова ли е демократија мои велешани, ова ли се фер и демократски избори?

Вака ли се градат нови дела, со две вреќи брашно и пет литри зејтин ?

Зборуваат за дела, а освен црнила ништо друго не оставија зад себе.

 И сепак, наспроти се, деновиве среќаваме се повеќе граѓани со кренати глави, целосно свесни за ситуацијата, но и за своето право и моќ да ги сменат работите.

Ова навистина не радува.

Ви порачуваме: Стрпете се само уште два дена.   Притисоците не смеат да поминат неказнето.

Само сплотени како еден можеме да се спротиставиме.

Секој потег што ги крши законите и човековите права мора да биде казнет.

Ви ветуваме дека после формирањето на новото мнозинство во Советот и победата на Аце Коцевски, секој оној кој се дрзнал да се заканува и да ги уценува вработените ќе биде санкциониран, согласносозаконот.

Притисоците, иако не во оваков обем, ги имало и порано. Вие најдобро го искусивте тоа во изминатите 7 години. Затоа и  го поддржавте Коцевски со16.163  Ваши гласови.

Бидете дел од нашата победа. Бидете на страната на честа и достоинството.

Во недела, 7-ми април масовно излезете на избирачките места и направете го вистинскиот избор.

 Поддржете го најдокажаниот велешанец .

На 7-ми април победата има име и број  Аце Коцевски  42 !

 

 

Веб порталот Лисица интегрално го  пренесува текстот од прес конфернцијата на Панче Иванов совбетник на општина Велес од коалицијата   „Сојуз за иднината“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here