Home Избори 2014 Kоџабашиев: Инвестициите во културата, спортот, образованието се одлика на ВМРО ДПМНЕ

Kоџабашиев: Инвестициите во културата, спортот, образованието се одлика на ВМРО ДПМНЕ

34
0
SHARE

Велес е град со долга културна традиција, град кој од секогаш ја негувал и развивал културата, а придонесот на градот за националната култура  е огромен. ВМРО-ДПМНЕ уште од преземањето на власта во 2006 година, започна посветено да вложува и да работи на културен план, како во Велес, така и во целата држава. Резултатот од таквото работење е денеска очигледен, кога градот повторно почнува да го добива стариот сјај на културен центар.

Велес, како град долги години немаше театар како што му доликува на еден културен бастион со вековна културна традиција. ВМРО-ДПМНЕ, направи конкретни чекори за подобрување на тој сегмент преку изградба на новиот театар во Велес, кој ова лето треба да почне со работа. Но, со добивањето на новата театарска зграда, придобивка нема да имаат само љубителите на театарската уметност туку практично сите граѓани затоа што новиот театар, благодарение на софистицираната опрема и мултифункционалниот дизајн, ќе има можност за прикажување на балет, опера, филхармонија, концерти на врвни музичари, односно Велес, ќе има можност да се врати на картата на големите и значајни културни збиднувања во државата. Ова е особено важно за културното обликување на навиките на сегашните и идните генерации на велешани.

Паралелно со градењето на новиот театар, ВМРО-ДПМНЕ, инвестираше и во реновирање на старата театарска зграда, со цел непречено одвивање на тој сегмент од културното живеење во градот.

Но, инвестирањето на ВМРО-ДПМНЕ во културата во Велес не се сведува само на театарот. Инвестиравме во повеќе културни институции во градот. Беа променети старите и дотрајани прозори и врати во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и заменети со нови, енергетско-ефикасни прозори и врати, а во салата „Бели Мугри“ беше комплетно променет подот на подиумот, со цел непречено одвивање на културно-уметничките збиднувања кои најчесто се одвиваат во тој објект. Во тек е санација на Костурницата, која треба да заврши и годинава а која предвидува комплетно, внатрешно и надворешно реновирање на објектот..

Почитувани,

Инвестирање во културата, не значи само инфрастурктурно подобрување на објектите и ние тоа го докажавме преку директната и очигледна грижа, како за институциите, така и за граѓаните. Така, по долгите години без кино, конечно, минатата година Велес доби современ дигитален кино-проектор, на кој велешани имаа можност да ги погледнат најновите филмски остварувања од домашната филмска продукција, чекор со кој ќе се заживее повторно кино културата во Велес. Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како никогаш досега покажа грижа за учениците, студентите и постдипломците преку овозможувањето на книги кои  се дел од едицијата „Преводи на научни и стручни книги од кои се учи на светски реномирани универзитети“. Овие книги, но и уште многу други кои се дел од останатите едиции на Владата, се достапни за сите граѓани во велешката библиотека. Во изминатите неколку години Владата во библиотеката во Велес има донирано преку 6000 книги, што јасно и недвосмислено ја покажува грижата за културниот и образовниот развој на младите во градот, но и на  сите оние кои сакаат да инвестираат во своето образование.

Почитувани,

Покажавме чувство за организирање на квалитетен културен живот во градот. Доказ за тоа се бројните манифестации кои речиси секој месец се случуваат во Велес. Почнувајќи од култните Рацинови средби и Детските Рацинови средби, па преку Интернационалниот фолклорен фестивал и Сликарско копаничарската работилница, вардарската регата „Гемиџии“, бројните концерти, па се до Баскерфест и Фестивалот на пита и вино, Велес во секоја од овие манифестации доби културен бренд по кој е препознатлив. Ние сме сигурни дека секоја од овие манифестации во иднина ќе биде уште поквалитетна и дека ќе привлече внимание и  надвор од границите на државата.

Почитувани сограѓани,

Велес бил и ќе остане културна колевка на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ тоа го почитува, го вреднува и токму затоа со толкав интензитет вложува во културата во градот. Културата е обележје на еден народ. Нераскинлив дел од неговиот идентитет. Без своја култура, ние сме практично безимени и непрепознатливи. Токму заради ова, ВМРО-ДПМНЕ и во идниот период ќе продолжи да работи во оваа насока и засилено да создава плодна почва во Велес за развој на културата. Ќе продолжиме со интензивна стимулација на сите културни институции во градот со цел Велес да блесне во сиот свој сјај, како најважен културен центар во Македонија. Граѓаните ова го знаат и го ценат, граѓаните ја согледуваат разликата и токму затоа на 27 април уште еднаш ќе ни ја дадат поддршката.

На крајот од оваа пресконференција, дозволете ми да упатам покана покана до сите граѓани на Велес, да присуствуваат на завршниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија” кој ќе се одржи утре 25.04.2014 (Петок) со почеток од 18.00 часот пред Гимназијата „Кочо Рацин“.

Гордоста и енергијата која ја носи ВМРО-ДПМНЕ, на утрешниот завршен и најмасовен митинг досега, ќе ја почуствува секој македонец, секој Велешанец.

Велешани ќе докажат дека нашиот град продолжува по патот на успехот, по патот на победата, по патот на развојот.

 

веб порталот Лисица интегрално го објавува текстот од  денешната  прес конференција на Ѓорги Коџабашиев  кандидат  за пратеник ВМРО ДПМНЕ ОК Велес

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here