Home Технологија Технички проблеми на iPhone 6

Технички проблеми на iPhone 6

14
0
SHARE

Неколку дена по првите рекордни продажби на новиот модел на iPhone 6, компанијата Apple се најде под притисок и мораше да даде извинување поради техничките проблеми со новиот смартфон кои би требало да бидат испратени во најкус можен рок.

По надградбата на оперативниот систем на своите уреди, многу корисници на Apple почнаа да се жалат на различни проблеми, од паѓањето на мобилната врска или бавната ефикасност.

„Се извинуваме поради непријатностите на кои наидоа нашите корисници“, изјави американскиот гигант.

Правата варијанта 8.0.1 од новиот систем iOS8, која беше пуштена во оптек во средата, правеше пречка iPhone 6 да се поврзе со мрежата и оневозможуваше некои функции на тактилно препознавање, па компанијата мораше да ја повлече по неколку часа.

Од Apple, од каде ветија брзо пуштање на нова варијанта за да ја поправат штетата, ноќта кон петокот на располагање ја стави нова верзија на покраина, наречена 8.0.2. Новата верзија „содржи подобрувања и исправка и го решава проблемот на поврзаност на мрежата како и Touch ID на iPhone 6 и iPhone 6 Plus“.

Помалку од 40 илјади парчиња iPhone 6 и iPhone 6 Plus со iOS 8.0.1, според процената на Apple за која ги извести повеќе американски медиуми.

Во очекување на новата верзија, од Apple на кориснците им понудија привремено решение – повторно да ја инсталираат претходната верзија iOS 8 преку неговиот софтвер iTunes.

Оперативниот систем iOS 8 беше лансирана на 17-ти септември. И во минатото Apple имаше проблеми со софтверот, особено со сервисот за мапирање во 2012 година.
Copyright 2014 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here