Home Локални Избори 2013 Коцевски: Ќе изградиме пешачки, челичен надвозник од Младински парк, преку улицата Алексо...

Коцевски: Ќе изградиме пешачки, челичен надвозник од Младински парк, преку улицата Алексо Демниевски и железничката пруга за Гевгелија и Штип до Градски парк

22
0
SHARE

Почитувани, Ве поканив токму овде, во Младински парк, што по реконструкцијата и изградбата на фонтаната стана најомолено и најпосетено место на велешани за дружење и забава, за на лице место да ги промовирам следните проекти што заедно со граѓаните на Велес ќе ги реализираме во наредниот период.

Ќе изградиме пешачки, челичен надвозник од Младински парк, преку улицата Алексо Демниевски и железничката пруга за Гевгелија и Штип до Градски парк. 

Мене ми се најдраги проектите со кои се менуваат навиките на граѓаните. Со овој проект Градскиот парк ќе им го вратиме на велешани во вистинска смисла на зборот и тоа што сега се случува овде во Младински парк во иднина ќе се случува и во Градски парк, на многу поширок простор. Исто така со изградба на пешачки надвозник ќе се направи безбедна врска и ќе се создадат предуслови за развој на спортски, угостителски и културно забавни содржини.

Најнапред ќе се избориме за правото на сопственост, а веднаш потоа по пат на јавно приватно партнерство,  ќе го реконструираме Градски фудбалски стадион, ќе изградиме нова атлетска патека и ќе изградиме нова трибина со подтрибински деловен простор.

Ќе ја реконструираме  Спортската сала ,,Гемиџии” за повеќе да не прокиснува, за да има греење и за теренот да ги исполнува условите за одигрување на меѓународни натпревари. Со доградба на салата ќе се создадат можности за отварање на кафулиња, ресторани со музика во живо и други содржини. Во целина со реконструираниот парки и фудбалски стадион и со изградба на пешачкиот надвозник овој простор ќе стане посакувано место за спорт, рекреација и забава.

Наскоромладите ќе добијат тениски терени, лизгалиште, игралиште за фудбал на песок и современ скејт парк.

Ќе изградиме летна дискотека и отворено кино – FUNPLACE за да се збогати понудата за забава на младите во летниот период од годината.

Последниот проект што сакам во оваа прилика да го спомнам е Велешко културно лето. Знаете дека на мој предлог беа основани меѓународниот фолклорен фестивал, Интернационалниот фестивал на античка драма Стоби, сликарско копаничарската колонија Папрадишки мајстори и дека на Рациновите средби им го вративме стариот сјај.

 

На овој простор во амфитеатарот, што го проширивме за да собере многу повеќе посетители планирам да се одвиваат најголем дел од културните настани од Влешко културно лето. Доколку се создадат предуслови планирам да со лесна конструкција да го покриеме амфитеатарот за да може тука непречено да се одвиваат манифестации и при дождливо време.

Почитувани, затоа Ве повикувам, во недела на Благовец да ја потврдиме големата победа за заедно да продолжиме да го градиме и развиваме нашиот Велес.

Веб порталот Лисица интегрално го објавува текстот од прес конференцијата на Аце Коцевски, кандидат за градоначалник на Велес од коалицијата „Сојуз за иднината“.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here