Home Локални Избори 2013 Коцевски: Нов зелен пазар до фудбалското игралиште во Населба Тунер, изградба на...

Коцевски: Нов зелен пазар до фудбалското игралиште во Населба Тунер, изградба на многу улици, плоштадки и подобрување на патната инфраструктура кон велешките села

43
0
SHARE

Почитувани, ве поканив овде, на местото на кое му го сменив ликот на задоволство на голем број граѓани, за токму од тука да ги најавам проектите со кои ќе ги подобриме условите за живеење во периферните и повисоките делови од градот и во селските населени места.

Најнапред сакам да потенцирам дека овде до фудбалското игралиште во нас. Тунел ќе биде изграден зелен пазар. Детскиот забавен парк и зелените површини ќе бидат целосно реконструирани, а на фудбалското игралиште ќе биде поставена подлога од вештачка трева.

Ќе пристапиме кон урбанизација на просторoт на локацијата каде што се наоѓаат гаражите на ЈКП Дервен, за да создадеме претпоставки таму да се изгради основно училиште и дом за стари лица.

За да се зголеми безбедноста на пешаците ќе изградиме тротоар од нас. Тунел до нас. Превалец.

Конечно ќе го решиме проблемот со атмосферските води кои при обилни дождови се слеваат на ул. Благој Ѓорев со нивно прифаќање на  ул. ,,Љубљанска”, ул. ,,Костурска” и  ул. ,,Киро Ќучук” и евакуирање до р. Вардар.

Повисоките зони од градот ќе бидат на врвот на моите приоритети. Ќе изградиме препумпни станици за подобрување на водоснабдувањето. Ќе бидат реконструирани многу улици, тротоари, водоводни и канализациони линии, ќе се прошири мрежата за улично осветлување, ќе се направат повеќе потпорни ѕидови, плоштадки, игралишта.

Ќе ја довршиме фекалната  канализациона мрежа во с. Горно Оризари со изградба на двата преостанати краци и поставување на уште две пречистителни станици. Оризарци ќе добијат зелен пазар, парк и дом за потребите на МЗ, младите и пензионерите.

Со изградба на водоводна линија за поврзување со градскиот водовод и препумпни станици  жителите на Бузалково ќе добијат здрава вода за пиење, а ќе се создадат услови на градската водоводна мрежа да се приклучат и с. Сливник и с. Клуковец.

Жителите на с. Сливник ќе добијат нов асфалтен пат бидејќи тоа село е единствено поголемо село во Општина Велес без асфалтен пат.

Со пари од Светска Банка кои се обезбедени пред 5 години целосно ќе го реконструираме патот до с. Мамутчево и до с. Иванковци што сега е во ужасна состојба. Иванковчани ќе добијат нова плоштадка.

Локалните патишта до помалите населени места: с. Слп, с. Белештевица, с. Карабуниште, с. Рлевци, с. Рудник, с. Крушје и с. Сопот ќе се поправат и редовно ќе се оддржуваат. Ќе го доизградиме патот до с. Ораовец.

Во нас. Превалец ќе биде доизградена  фекалната  канализациона мрежа од десната страна на населбата, со што значително ќе се подобри квалитетот на живеење на граѓаните.

Ќе вложуваме во комуналната инфраструктура во: Башино Село, Раштани, Црквино, Мамутчево, Караслари, Отовоца, Сујаклари и во сите помали села, во зависност од потребите и барањата на жителите.

Комуналната инфраструктура е многу запуштена заради негрижа во минатите четири години. Цели две години во Велес не е асфалтирана ниту една улица, ниту еден  пат. Сето тоа треба да го надоместиме со многу работа и со наменско и домаќинско трошење на парите од буџетот за најважните приоритети.

Голем број граѓани во сите наши средби јавно го изразуваат своето незадоволство. Градежната експанзија што сега се случува е само замачкување на очите на граѓаните заради собирање ефтини политички поени пред локалните избори. Но, на граѓаните се им е јасно. Тоа нема да ја смени нивната воља, туку напротив дополнително ги иритира и  затоа ќе ги казнат тие што четири години ги заборавија, а сега пред избори глумат голема загриженост, со немилосрдно трошење на народните пари.

 

Веб порталот Лисица интегрално го  пренесува текстот од прес конфернцијата на Аце Коцевски,кандидат за градоначалник на Велес од   коалицијата   „Сојуз за иднината“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here