Home Локални Избори 2013 Коцевски: Општината ќе води повеќе грижа за сиромашните но и старите и...

Коцевски: Општината ќе води повеќе грижа за сиромашните но и старите и изнемоштени лица

27
0
SHARE

Денешната прес конференција им ја посветувам на нашите сиромашни сограѓани и на нашите сограѓани кои од различни причини имаат потреба од поддршка и помош.

Покрај активностите разрешување на невработеноста и за намалување на се поголемата сиромаштија,одма сакам да нагласам дека Буџетот на Oпштина Велес, покрај развојната функција ќе има и многу важна социјална компонента, затоа што живееме во тешко време-невреме во кое многу граѓани живеат под прагот на сиромаштија, не по нивна вина.

Општината ќе издвојува средства за помош на семејствата кои не се во состојба да ги плаќаат сметките за потрошена вода заради тешката еконмска и социјална состојба.

Општината ќе го модернизира јавниот градски превоз, ќе го зголеми бројот на линиите и ќе издвојува средства за субвенционирање на дел од цената на билетите во јавниот градски превоз на студентите, пензионерите со мали пензии, стечајните работници и работниците прогласени за технолошки вишок кои имаат проблем како да скрпат крај со крај во месецот.

Ќе урбанизираме нова населба во која ќе се обезбедат бесплатни локации на жителите од Рамина чии куќи беа срушени од свлечиштето и ќе им помогнеме да дојдат до кров над главата.

Во соработка со Црвен Крст ќе обезбедуваме нега во домашни услови за нашите стари и изнемоштени сограѓани кои живеат сами и за кои нема кој да се грижи.

Ќе ги дислоцираме гаражите на ЈКП Дервен од нас Тунел и ќе почнеме постапка за урбанизација на просторот за тука да се изгради нов дом за стари лица и основно училиште до четврто одделение.

Бидејќи семејното насилство зема се поголем замав ќе отвориме центар за згрижување на жртвите изложени на семејно насилство.

За да го подобриме пристапот до јавните објекти и да го олесниме движењето на лицата со посебни потреби ќе прситапиме кон изградба на пристапни патеки и  кон спуштање на рабниците на протоарите кај пешачките премини.

Ќе отвориме дневен центар за лица заболени од церебрална парализа без разлика на возраста за да им се подобри квалитетот на живеење и на лицата над 18 години.

Во рамки на законските надлежности, како градоначалник, ќе издвојувам средства за помош на најсиромашните и на тие на кои им е неопходна за  лекување и хируршки интервенции во земјата и во странство, за рехабилитација, за набавка на лекови и за слични потреби.

На крајот, сакам да ја искористам оваа прилика за повторно да го повикам мојот противкандидат г-дин Чадиев на ТВ дуел, на телевизија и во време што сам ќе ги избере. Сметам дека граѓаните имаат демоктратско право да го видат соочувањето на кандидатите за градоначалник, за полесно да проценат кој колку знае, кој колку може, кого колку го бидува, пред да ја донесат конечната одлука кому ќе му ја дадат довербата за во нивно име да ја води општина Велес во наредниот четиригодишен период.

 

 

Веб порталот Лисица интегрално го  пренесува текстот од прес конфернцијата на Благој Коларов, совбетник на општина Велес од коалицијата   „Сојуз за иднината“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here