Home Локални Избори 2013 Коцевски: Верувам во вас и во вашата сила да ги измените околностите...

Коцевски: Верувам во вас и во вашата сила да ги измените околностите и безнадежноста да ја преточите во светлина

44
0
SHARE

Како граѓани на Велес со право да го кажете својот глас, Вие одлучувате за иднината на Велес.

Вие само еден потег можeтеда одлучитедали Велес ќе биде место на страв и безнадежност или град – центар на Македонија што ќе освојува со креативност, со развој и со иднина во која Велес ќе звучи гордо.

Осум и пол години од својот живот поминав заедно со Вас во битката Велес да биде достојно место за живеење. Да биде град што освојува со просторните и човечките вредности, град што го восхити светот во битката за здрава животна средина. Не верувам дека нискоста и поигрувањето со човечките животи можат да бидат пат на успехот. Тоа се покажа и во изминатите 4 години.

Поаѓајќи од трајните вредности што ги создадовме заедно за Велес: индустриските зони, Кејот на Вардар, Малотомовче, Коњаникот, новата библиотека со салата Бели Мугри, Ликовниот салон и Салата за венчавање, капелата и новите градски гробишта, колекторскиот систем и пречистителната станица на Езеро Младост, пешачкиот надвозник, Младинскиот парк со фонтаната, многуте км патишта, улици, тротоари, водоводни и канализациони мрежи, потоа, паркови, спортски терени, споменици имаме доволно искуство пак да чекориме кон нови успеси. За доброто на сегашните и на идните генерации. За да ја вратиме желбата на нашите деца да останат и да растат како врвни професионалци во родниот  Велес. За да продолжат да го градат културен, напреден Велес. Европски Велес.

Жалам што ниту пред првиот изборен круг, ниту сега нема фер политичка борба. Овие избори се далеку од демократски. Ниту заканите, ниту уцените и заплашувањата, ниту намерата да ме омаловажат најмногу што можат, ниту валканата кампања, ниту намерата цел град да се „разболи“ пред вториот круг од изборите, нема да не спречат да истраеме во нашата цел – да продолжиме по патот на успехот и просперитетот.

Цврсто сум убеден дека негативизмот на власта не носи ништо добро, ниту за нас како граѓани, ниту за Велес, ниту пак за Македонија. Црнилото може само да деградира, да уништи. Не може да создаде, ниту да развива.

Не зборував за дела. Нив ги покажав. Ве потсетив, затоа што знам дека од секогаш сите заедно сме биле и ќе бидеме авангарден град. Град исполнет со искуство и традиција. Град на луѓе кои знаат да ги почитуваат вредностите.

Драги велешанки и велешани,

Верувам во вас и во вашата сила да ги измените околностите и безнадежноста да ја преточите во светлина. Убеден сум дека нема да дозволите никој, ама баш никој, да ја гази вашата чест и достоинство и да ве користи за лични цели.

Вие докажавте како се сака Велес. Вашите 16.163 гласови дадени за мене во првиот круг се Ваша воља, а моја огромна обврска. За да продолжиме заедно таму каде што застанавме пред 4 години.

Ве повикувам, да ја потврдиме победата и заедно да го издигнеме Велес на заслуженото место: да продолжиме да го градиме како град  достоен за почит, град што ќе биде пример во Македонија за брз економски и социјален развој.

Ве повикувам на 7-ми април, без страв , масовноизлезете на Вашите избирачки места и потврдете ја Вашата моќ да одлучите за подобар, поубав и понапреден Велес.

Уште еднаш ја барам Вашата поддршка за со моето знаење и искуство, со многу работа, со голема љубов и посветеност, чесно, домаќински и одговорно, да придонесам за да ги решаваме проблемите, за да се отвораат нови работни места, за да се намали сиромаштијата, за да се подобри квалитетот на живеење, за да се обезбедат квалитетни услуги за граѓаните. И конечно Велес пак да биде општина на задоволни и среќни граѓани со која сите ние ќе се гордееме и за да се врати во врвот на општините во Македонија како и што му прилега.

Со заокружувањето на бројот 42 застанувате на страната на честа, правдата и вистинскиот избор за иднината на Велес.

Со Вашата поддршка наместо функција Градоначалник ќе добиете сограѓанин еднаков на Вас.

Време е повторно да се издигнеме над времето кое го живееме. Време е Велес повторно да стане убаво и посакувано место за живеење, современа и достоинствена општина, по мерка на своите граѓани.

Ве повикувам, во недела во 22 часот, заедно да ја прославиме победата, пред коњаникот – симбол на борбата, гордоста, слободата и донстоинството. Ви благодарам.

 

Веб порталот Лисица интегрално го  пренесува текстот од прес конфернцијата на Аце Коцевски,кандидат за градоначалник на Велес од   коалицијата   „Сојуз за иднината“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here