Home Локални Избори 2013 Коларов: Нешто жално и трагично се случува деновиве во Велес

Коларов: Нешто жално и трагично се случува деновиве во Велес

44
0
SHARE

 

Нешто жално и трагично се случува деновиве во Велес.Овде секојдневно се гази човечкото достоинство. Се убива умот и светото право на слободно мислење и изразување.

Не мислиш ли како власта – ќе бидеш изложен на секакви притисоци и малтертирања. Само за ДПМНЕ да ја остварат нивната бесмислена цел. Власт по секоја цена. Заташкување на вистината, корупцијата и легитимирање на лагата.

Стравот од убедливиот пораз од нашиот докажан кандидат – Аце Коцевски, оди до таму што удрија и на вработените во јавните претпријатија.

Во изминативе неколку дена, повеќемина вработени во ЈКП Дервен, кои не подлегнуваат на притисоците на власта се прераспоредени на пониски работни места.

И тоа без никаков документ или образложение.

Истото се случува и во ЈП „Македонски шуми“ каде секојдневните притисоци се вршат во четири очи со закани, навреди и викотници.

Што е најстрашно, не се поштедени ниту вработените во училиштата и родителите на нивните ученици, ниту земјоделците, стопанствениците, дуќанџиите.

Особено под голем притисок се лекарите. Или потврда за гласање на болен или казна.

Велес сакаат да го направат град на срамот. Град на сеење страв и беззаконие. Удрија и по најсиромашните и по интелектуалците.

Од една страна, ДПМНЕ бараат доверба за власт, а од друга страна го кршат Уставот и Законите.

Но што и да прават, Вашата казна ќе ги стигне. Вие ќе им пресудите за секоја навреда, притисок, уцена и закана.

Драги велешани, издржете уште само три дена.

На 7- ми Април ќе ја имате можноста и моќта  само со еден потег да ја смените оваа  срамна и ниска реалност. Да го исчистите воздухот во Велес.

Некогаш Велес го загадуваа тешки метали. Денес е презагаден од нечовечност. Илјадници кажавме не на топилницата. Сега ќе кажеме не на се што е нечисто и нечесно.

Драги сограѓани,

Во првиот изборен круг покажавте и докажавте колку ви значи Велес. Дадовте 16. 136 гласа за Аце Коцевски. Рековте силно не на лагите и манипулациите на власта. Тоа ги исплаши. Ги исплаши вашиот  глас. Ги натера да се бранат.

Ги плаши и нивното несигурно мнозинство во Советот каде и порано им се случуваа трансфери на советници.  Црвот ги јаде. Затоа што и досега ги искусија амбициите на поединци кои за лично и вработување на најблиските секогаш се спремни да го сменат политичкиот дрес.

Стравот ги натера да носат министри, пратеници. Да врбуваат луѓе пред камери да го кажуваат и она што не го мислат. Тие заплашени  сограѓани  колку што ги разбирам, толку и ги жалам. 

ДПМНЕ се во паника. И треба да се плашат.

Зошто одлуката и казната е ваша.

Не случајно сите министри се слеаа во Велес на први април. Колку да ја потврдат најголемата лага.

 Дојдоа да му припишат заслуги на некој што ништо не создал и ништо не заслужува. И тие самите во изминатите 4 години не навратија овде. Не го ни погледнаа Велес. Беа презафатени со Скопје и нивниот фамозен 2014-та.

Вие не им бевте на агендата.

Нивната конструкција дека Градоначалник кој не е под контрола на власта не може да успее им паѓа во вода со само еден факт и едно име: Аце Коцевски

На 7-ми април ова докажано име ќе има и број – 42!

Веб порталот Лисица интегрално го  пренесува текстот од прес конфернцијата на Благој Коларов, совбетник на општина Велес од коалицијата   „Сојуз за иднината“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here