Home Локални Избори 2013 Коларов: Ве повикувам заедно да ја потврдиме победата, правдата и вистината. Таа...

Коларов: Ве повикувам заедно да ја потврдиме победата, правдата и вистината. Таа сега има име и број Аце Коцевски , 42!

27
0
SHARE

 

Непосредно пред   изборниот молк и денот на Вашата одлука, за жал власта падна на испитот на демократијата.

Обидот да се вовлече секој граѓанин, секое семејство во црно сценарио на закани и притисоци ги изнесе на виделина сите манипулации на ДПМНЕ.

Колку и да посакувавме фер борба, дуели во кои граѓаните ќе можат да оценат знаење, искуство и потенцијали, тоа не се случи.

Благодарение на очајничката борба на ДПМНЕ да дојде на власт по било која цена, исто како и во првиот изборен круг, повторно го погазија достоинството на велешани.

И токму кога мислевме дека барем овие денови ќе се воздржат од закани и манипулации, ќе понудат реални и извесно остварливи проекти, а не само лажни ветувања и неизвесна иднина – се соочивме со крајно навредлива, некултурна, а на моменти и безобразна реторика. Реторика во која ДПМНЕ не зборува за себе и за своите постигнувања и резултати, туку исклучиво навредува и омаловажува. Небаре никој и ништо не разбира.

Она што деновиве се случуваше во сите јавни претпријатија и установи само го потврдува очајничкиот обид на  ДПМНЕ да го урне рејтингот на нашиот Кандидат Аце Коцевски и да го задржи мнозинството во Советот.

 

  • Ајде тоа што безобразно се запишуваат луѓето и се обидуваат да знаат секој граѓанин за кого гласа;
  • ајде тоа што веќе секој поединец, семејство и куќа се бележани;
  • ајде тоа што со години ништо позитивно не се случува ама сега пред избори се започнува да се прави;
  • ајде тоа што најупотребуван збор во вокабуларот е „ќе“;
  • ајде тоа што се задолживме како „грчка“;
  • ајде тоа што сите вредности во општеството се девалвираа, освен партиската припадност;
  • ајде тоа што тие што ништо не направиле во јавноста треба да изгледаат подобри од тие кои создаваат;
  • ајде тоа што мислат дека навистина 10 пати кажана лага станува вистина,но…
  • тоа што институциите вршат притисоци врз своите вработени и граѓаните по партиска директива;
  • тоа што секој поединец и медиум е предмет на репресија ако сака и може поинаку од она што властодршците го смислиле;
  • тоа што луѓето се влечат насила до изборни места и мораат по десет пати во три дена да бидат проверувани дека сигурно ќе гласаат како што им е кажано;
  • тоа што 800 граѓани се болни пред вториот круг од изборите;
  • тоа што им даваат клучни зборчиња да ги напишат на гласачките ливчиња за да се знае дека излегле на гласање ама ливчето го направиле неважечко;
  • тоа што субвенции за едни има, а за други нема;
  • тоа што се закануваат дека ако градоначалникот не е од нашата партија – владата ќе го опструира … нема крај.

Но крај мора да се стави! Сега, на 7-ми април, во недела на Благовец.

Драги сограѓани, време е! ,

Дури и да сте биле жртва на манипулации во првиот круг, дури и да сте биле притиснати од сите страни, имајте на ум дека вашата сила, моќта на вашиот глас секогаш е пресудна.

Имајте на ум дека заедно можеме да се спротивставиме на овој неразумен обид да се уништи духот на велешани.

Немојте да подлегнувате на притисоците и не дозволувајте со ваши пари да Ве купат!

Не им се палшете!

 

Затоа Сојузот за иднината ве повикува, на 7-ми април масовно да излезете на избирачките места и да ја покажете својата волја. Ве повикувам заедно да ја потврдиме победата, правдата и вистината.

 

Таа сега има име и број Аце Коцевски , 42!

 

Веб порталот Лисица интегрално го  пренесува текстот од прес конфернцијата на Благој Коларов совбетник  во  општина Велес од коалицијата   „Сојуз за иднината“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here