Home Локални Избори 2013 Колев: На градот му е потребен развој, на градот му е потребна...

Колев: На градот му е потребен развој, на градот му е потребна соработка. Потребни ни се нови дела, потребен ни е Чадиев за грдоначалник

16
0
SHARE

 

Дозволете ми на ден пред крајот од изборната кампања за вториот круг од локалните избори од мое лично име и од името на советничкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш да изразам целосна поддршка за нашиот кандидат за градоначалник г-динот Славчо Чадиев.

На 24 март, Вие почитувани сограѓани одлучивте довербата да ја дадете на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија.

Поддршката од 15.394 гласови, која ја добивме за советничката листа е најмасовна поддршка која Велес ја дал за било која листа на кандидати за советници.

Со таа поддршка стабилното мнозинството во советот од 12 советници веќе е во редовите на Колацијата за подобра Македонија, а извесно е дека и  претседателот на Советот ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во наредните 4 години ова советничко мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги носи одлуките од интерес на градот.

И што е најзначајно таквите одлуки ние советниците ќе ги носиме врз база на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е програмата со која сите заедно настапивме на овие избори и го добивме легитимитетот од мнозинството граѓани да работиме во нивен интерес.

Зад оваа програма стои тимот на ВМРО-ДПМНЕ во Велес кој е препознатлив по својот квалитет, Премиерот Никола Груевски, министрите во Владата, пратениците во Собранието, советничкото мнозинство и кандидатот за градоначалник Славчо Чадиев.

Токму соработката на Советот, градоначалникот, Собранието и Владата на Република Македонија е еден од најбитните елементи за напредокот на нашиот град.

Затоа за развојот на Велес е потребно во вториот круг да избереме градоначалник кој ќе биде дел од таквата соработка.

Градоначалник кој секојдневно ќе биде во контакт со клучните институции во државата кои можат да му помогнат на Велес.

Таков кандидат е г-динот Славчо Чадиев.

Со неговиот избор за градоначалник заедно со советничкото мнозинство во наредниот период ќе се спроведува програмата на ВМРО-ДПМНЕ, за која граѓаните дадоа поддршка во првиот круг од изборите.

На тој начин Општина Велес нема да биде општина во која четири години Советот и градоначалникот ќе се обвинуваат и надмудруваат, префрлувајќи го проблемот од еден на друг.

На Велес му е потребен градоначалник кој ќе соработува со сите, а не градоначалник кој ќе ги блокира одлуките на советот и проектите на Владата, само затоа што се предводени од ВМРО-ДПМНЕ.

На Велес не му се потребни нови кавги, не му се потребни нови блокади, не му е потребен бојкот, отпор и враќање назад.

На Велес не му е потребно враќање во времето на Аце Коцевски. Префрлањето на пари од спонзорства на приватни сметки, незаконските јавни набавки и договори во четири очи, градењето дивоградби и работење само со една градежна фирма, поскапувањето на цената на водата за 200 %, се одлика на тоа време.

Нема да дозволиме градот да биде злоупотребен заради партиски цели на СДСМ и Црвенковски, олицетворени во ликот на Аце Коцевски.

Нема да дозволиме Велес да биде бастион на Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски и Аце Коцевски.

Погубна е нивната намера Велес да биде град во кој нема да се гради ништо суштински, а четири години ќе се крои политика како да се симне централната власт.

На градот му е потребен развој, на градот му е потребна соработка. Потребни ни се нови дела..

Затоа, почитувани сограѓани на 7 Април масовно и во голем број да ја дадеме поддршката за г-динот Слвчо Чадиев.

Гласот за Славчо Чадиев е глас создавање на нови дела. Нови дела за поубав Велес.

Ви благодарам!

Веб порталот Лисица интегрално го  пренесува текстот од прес конфернцијата на Александар Колев  совбетник во Советот на општина Велес од коалицијата   „За подобра Македонија“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here